- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 04
УХМР најавува дека до недела ќе продолжи периодот на променливо облачно време проследено со повремени врнежи од дожд, но со сериозно предупредување за викендот. Утре (петок) и во сабота, врнежите на места ќе бидат пообилни (се очекуваат над $30 l/m^2$ за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во главниот град се очекува променливо облачно време со повремени врнежи. Во сабота врнежите во делови од котлината ќе бидат поројни и пообилни, со услови за ретки грмежи. Во недела се очекува продор на постудена воздушна маса, што ќе предизвика на повисоките планини дождот да…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата Љ.П. и З.А. во својство на управители на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, како и против самото правно лице, поради сомнение за сторени кривични дела „Фалсификување исправа“ од чл. 378 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија и „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“ од чл. 275-в од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија. Како што се наведува во соопштението од Управа за финансиска полиција, во период од 01.01.2021 година до 31.12.2024 година, пријавените…
Исклучително добар одзив има на повикот за ваучери за студенти за електронски уреди, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Заклучно со вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите во вредност од 15.300 денари. Како ќе се искористат тоа оставаме на совеста на тие кои ги користат. Ние како Влада го ветивме овој проект и го испорачуваме, потенцираше премиерот Мицкоски. За шпекулациите дека некои од студентите ги продаваат ваучерите, Мицкоски истакна дека дури и некои од студентите да ги препродаваат, истите не можат да бидат искористени бидејќи се со лични податоци. Мислам дека и…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (поранешна Градска болница) по повод набавката на нова апаратура, вклучувајќи и магнетна резонанца, и најави сериозни реформи во здравствениот систем. Мицкоски нагласи дека во здравството се вложува повеќе од една милијарда евра, што е двојно повеќе од периодот на ковид-кризата (околу 500-550 милиони евра). „90 милиони денари сепак не е малку, не е ни многу, но не е ни малку, имајќи предвид дека речиси ништо не е правено, не со години, со децении, само приказни се кажувани,“ рече Мицкоски. Премиерот најави дека претстојат сериозни структурни и квалитативни…
Главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, денеска потврди дека се води предистражна постапка против лица вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), при што се приведени околу десетина лица. Акцијата се спроведува од вчера, а во моментов се вршат претреси на опфатените лица. Коцевски нагласи дека постапката е поврзана со предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Првичните сознанија укажуваат на кривичните дела злоупотреба на службена положба и овластување, како и примање и давање мито. Дел од електронските комуникации и пораки кои беа презентирани во јавноста во врска со случајот „Пулс“ се опфатени и во оваа нова постапка. „Ова е…
Скандалозните ставови на претседателката Давкова дека „не било време за реформи“ поради тоа што во Европа имало војни е политичко ехо на пораките на Никола Груевски, кој само неколку дена претходно од Будимпешта испрати идентичен наратив, велат од СДСМ. „Зошто ДПМНЕ молчи за Никола Груевски? Ова е доказ дека Груевски и понатаму ја води партијата од Будимпешта, а Мицкоски и Сиљановска се само формални извршители на неговите директиви. Се повеќе станува јасно дека владата станува заробена од бегалец од правдата, кој од туѓа држава диктира што треба да се случува“, стои во соопштението од СДСМ.
Во Општина Центар се одржа серија едукативни посети на ученици од повеќе општински училишта, во рамки на наставната тема локална самоуправа. Градоначалникот Горан Герасимовски на четвртоoдделенците им ја доближи работата на општината и начинот на кој функционира локалната самоуправа, им објасни и како се донесуваат и реализираат одлуките што го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните. Децата внимателно ја следеа презентацијата и со голем интерес поставуваа прашања за надлежностите и работата на општината. „Ми беше чест да им ја доближам работата на Општина Центар на најмладите. Ваквите средби се важни затоа што го поттикнуваат нивниот интерес и свесност за тоа…
Вчера во 20:45 часот на струшкото крајбрежје, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Н.М.(41) од селото Заграчани, струшко. Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил марихуана, која е најдена и одземена. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“, што започна од почеток поради промена на поротник, сведочеше пациентка која примала хемотерапија и имунотерапија. Таа опиша како добила доза лек надвор од стандардната евиденција. Според нејзиниот исказ, деветтиот пат кога дошла на Клиниката, поранешниот медицински директор, д-р Нино Васев (првообвинет во овој случај), ѝ соопштил дека лекот е во недостиг. „…Др-Нино ми објасни дека во моментов се дефицитарни со лекот, имаат сочувано уште три шишенца и дека поради тоа што сум помлада, поголема ефективност има лекот кај мене, ’еден ќе ти го дадам’, меѓутоа нема да се запише во регистарот дека сум…
Светските долгорочни прогнози предвидуваат дека претстојната зима ќе биде значително постудена и со пообилни врнежи од снег, како резултат на нарушувањето на глобалниот метеоролошки систем. Експертите предупредуваат дека најголемо влијание ќе има колапсот на поларниот вртлог – огромниот ротирачки „ѕид“ од ладен воздух над половите.Светските метеоролошки центри најавуваат драстичен пресврт и потенцијално најстудена зима, со повеќе снег и температури кои на планините би можеле да паднат до -12°C. За разлика од претходните години, експертите предупредуваат дека Европа треба да заборави на благата зима. Се очекува ненадејно затоплување на стратосферата и силен „антивртлог“ (област со висок притисок) кој ќе го деформира…
