Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците
    • Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации
    • Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
    • Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството
    • „Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50
    • Црна Гора го преименува базенот во Котор: Исполнето барањето на Хрватска на патот кон ЕУ
    • По немирите во Франција: Владата ветува остра безбедносна реакција и засилено присуство на полицијата
    • Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ бара референдум и гаранции за рудникот во Луке: Здравјето на граѓаните пред профитот на бизнисите

    СДСМ бара референдум и гаранции за рудникот во Луке: Здравјето на граѓаните пред профитот на бизнисите

    19.04.2026 во 10:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За најавата на Мицкоски за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке мора да има поширока јавна дебата и секако да се прашаат граѓаните, тие да одлучат, се посочува во соопштението на СДСМ.  

    „Ова е сериозно прашање, станува збор за тоа оваа држава како одлучува за своите ресурси, за здравјето на граѓаните и за иднината на локалните заедници.

    Особено што на пример, старото еколошко жариште Лојане со децении стои нерешено, а во исто време се најавува нов рудник за антимон. 

    Не сме против инвестиции. Но, не може моделите да бидат фокусирани на профитот и бизнисот, со висок ризик по здравјето на граѓаните.

    Не може да се зборува само за економска корист која не е сигуна.  А при тоа никој да не зборува за загадувањето и опасноста по луѓето, за цената на загадена вода, за цената на заболени луѓе и за цената на уништено земјоделие. Тоа не се бројки во извештаи, тоа се последици кои траат со генерации.

    Ако државата не може да го реши Лојане, тогаш нема кредибилитет да отвора нови рудници.

    За вакви проекти граѓаните мора да бидат прашани и да учествуваат во процесот на донесување одлуки. 

    Бараме јавни расправи со реално влијание, локален референдум и вклучување на стручната и локалната јавност. Затоа што ова не е техничко прашање туку прашање за здравје и за иднина.

    Затоа мора да бидат исполнети неколку клучни услови:

    1.Владата итно да ги реши постојните еколошки жаришта. Без тоа не може да инсистира на отворање нови рудници.

    2.Целосна транспарентност пред граѓаните. Сите договори, економски параметри, студии за влијание мора да бидат јавно објавени.

    Исто како и детални информации за фирмите кои стојат зад ова. Имајќи ја предвид целата криминална мрежа на фирми и бизниси на Мицкоски граѓаните имаат право да знаат дали има скриени профити.

    3.Системот мора да биде затворен еколошки систем без испуштање во почва, вода или воздух.

    4.Финансиска гаранција однапред обезбедена од инвеститорот за санација на евентуални штети.

    5.Независен мониторинг со јавни податоци достапни во реално време.

    6.Директен локален бенефит за општината и за граѓаните.

    7.Континуирана здравствена заштита и следење на населението финансирани од инвеститорот.

    Доколку овие услови не се исполнат, тогаш подобро е да нема рудник“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос

    20.10.2026 во 15:58

    Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија

    20.10.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.