Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хуманост во најтешкиот момент: Спасени два живота преку трансплантација на црн дроб и бубрег

    Хуманост во најтешкиот момент: Спасени два живота преку трансплантација на црн дроб и бубрег

    19.04.2026 во 11:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во најтешкиот момент, едно семејство донесе одлука што значи живот. Со нивната хуманост и несебичност, спасен е човечки живот преку трансплантиран црн дроб на 67 годишен пациент, а на уште една пациентка на 51 годишна возраст и е подарена нова шанса за поквалитетен живот со трансплантација на бубрег. Пациентите се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување.

    – Овие медицински интервенции се воедно и приказни за надеж, за солидарност, за највисок чин на алтруизам. Нема поголем чин од тоа во момент на болка да подарите живот. Ова семејство покажа што значи вистинска хуманост, нивната одлука ќе живее преку тие на кои им е дадена нова шанса. Огромна благодарност на семејството на донорот за овој хуман чин, по загуба на нивен член од семејството, вели министерот за здравство, Азир Алиу.

    Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р  Билјана Кузмановска изразува „огромна благодарност за семејството без чија согласност немаше да биде можно да се извршат овие трансплантации. Зад секоја трансплантација стои човечка приказна. Овој пат е приказна за храброст и дарување живот. Тоа е највисокиот чин на солидарност што едно општество може да го има“.

    Воедно се заблагодаруваме на координаторите за трансплантација и сите медицински екипи од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Клиниката за дигестивна хирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за нефрологија и Институтот за трансфузиологија за нивната посветена и неуморна работа.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.