Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ММФ ги поздравува заложбите за фискална консолидација: Димитриеска-Кочоска со клучни средби во Вашингтон

    ММФ ги поздравува заложбите за фискална консолидација: Димитриеска-Кочоска со клучни средби во Вашингтон

    19.04.2026 во 11:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на учеството на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон оствари средба со  заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли. На средбата беше нотирана и поздравена заложбата на Владата за натамошна фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит на среден рок под 3%.

    „Владата и Министерството за финансии остануваат цврсто на определбата за постепена фискална консолидација и истовремена поддршка на економскиот раст преку обезбеден висок износ на капитални расходи во Буџетот. Клучен приоритет е задржување на стабилноста во јавните финансии, а имајќи ги предвид особено случувањата на меѓународен план и предизвиците кои што произлегуваат особено за мали и отворени економии како нашата“, рече министерката.
    Таа посочи дека покрај напорите за фискална консолидација особено се работи на мерки за одржување и засилување на економската активност којашто имаше позитивен тренд во втората половина од 2024 и во текот на 2025 година и стапки на раст околу и над 3%.

    На средбата беше потенцирано дека спроведувањето на фискалната консолидација е особено важна за создавање простор во буџетот за реакција на фискалната политика во услови на криза. При тоа беше укажано на мерките што се спроведуваат во моментов за поддршка на економијата и граѓаните заради растот на цените на енергенсите а како последица на конфликтот на Блискиот Исток.  Министерката посочи дека Владата има внимателен пристап и дека се следи состојбата и се преземаат соодветни мерки за справување со предизвиците.

    Соговорниците се осврнаа и ги поздравија наодите на извештајот од Мисијата на ММФ за член 4, којашто беше спроведена во текот на минатиот месец, и упатија на натамошно спроведување на реформите во областа на јавните финансии за кои нашата земја добива значајна експертиза од ММФ.
    Исто така, беше поздравено и формирањето на новата иницијатива за поддршка на земјите од Западен Балкан и Молдавија  во зајакнување на институциите, креирање политики и спроведување реформи во согласност со европските стандарди.

    Министерката за финансии со средбата со заменик-генералниот директор на ММФ го заврши престојот во Вашингтон, кадешто учествуваше на Пролетните средби на ММФ и СБ, одржа состаноци со високи претставници на ММФ и Светска банка, состаноци во Трезорот на САД, во Стејт департментот, како и средби со повеќе меѓународните финансиски институции и корпорации.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.