Author: Author 04

Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, со посебно внимание на интензитетот на врнежите, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На одредени места, врнежите се очекува да бидат пообилни, со наврнат талог од над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Овие услови носат и можност за појава на невреме, проследено со грмежи и силен ветер. Во текот на денот, се прогнозира умерен до засилен ветер од јужен правец, чија брзина може да надмине 60 километри на час. Минималните температури во земјата ќе се движат во интервалот од 8 до 12 степени, додека максималните дневни…

Повеќе

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година нагласи дека за време на владеењето на СДС биле предложени законски решенија преку кои биле поставувани партиски кадри во Судскиот совет, институција која ги избира, именува и казнува сите судии во државата. „Во Собранието предлагавте законски решенија, во кој што стававте партиски кадри, од Судски совет, тоа се луѓето коишто ги избираат, именуваат, казнуваат сите судии во Македонија“, вели Пренџов. Пренџов посочи дека во изминатите 30 години, кога СДС биле на власт, немало реализирани капитални проекти, а криминал и корупција се заканувале и го…

Повеќе

Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието каде се осврна на опозициската СДСМ, при што истакна дека истата нема јасен став за линеарното зголемување на пензиите, со оглед на тоа што еден ден го поддржуваат, друг ден го критикуваат. ,,Очигледно е молчењето на СДСМ, кое што е стратегија откако влетаа во офсајт. Дали СДСМ и пратениците на СДСМ, го поддржуваат линеарното зголемување на пензиите кое што го направи оваа Влада, или не го поддржуваат? Затоа што доаѓаа какафонични изјави. Еден ден излегуваат и велат дека тоа е добро, друг ден…

Повеќе

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, заедно сопретседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, г. Ахмед Бин Мохамед Алџарван, гопотпишаа Меморандумот за соработка помеѓу нашето Собрание и Меѓународниот парламент затолеранција и мир (IPTP).Овој Меморандум претставува важна институционална рамка која има за цел:-продлабочување на меѓународната парламентарна соработка во областите на толеранцијата,мирот и демократскиот дијалог;- редовно учество на Собранието на седниците, комитетите и иницијативите на IPTP;-континуирана размена на информациите за активностите, документите и парламентарнитепроекти на оваа организација;-координација на можностите за спроведување на заедничките настани, конференциите ипроектите од заеднички интерес. Инаку, Глобалниот совет за толеранција и мир е меѓународна…

Повеќе

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Старо Нагоричане денеска спроведе несекојдневна интервенција, спасувајќи животно. Во 10:00 часот, вработени во основното училиште во село Младо Нагоричане (маало Ѓорговци) повикале помош откако забележале куче паднато во длабока шахта. ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари. Акцијата за спасување била успешно завршена до 11:00 часот.

Повеќе

Во полицијата во Скопје вчера попладне пријавила 34-годишна жена од скопско село дека претходната вечер, околу 19:30 часот, била физички нападната од нејзиниот сопруг, 38-годишниот С.М., со кого во моментов се наоѓаат во бракоразводна постапка. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. СВР Тетово, пак, поднесе кривична пријава против 58-годишниот Ш.Е. од Тетово, поради сомнение за кривичните дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. Според пријавата, на 27 мај годинава, во семејниот дом, тој физички ја нападнал својата 49-годишна сопруга.

Повеќе

Ноќеска во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно годишно дете од Куманово, кое во домот испило повеќе таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Куманово.

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Р.(67) од село Ларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза’’. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 21.08.2025 на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што се пронајдени и одземени 562 кутии цигари со странски бандероли, 17 кутии и седум кеси со тутун, 22 машинки за правење цигари, 10 сим картички, 19 табакери и 18 кутии филтри за цигари, за кои не приложил соодветна документација за платени акцизни давачки и документација за потекло за стоката.

Повеќе

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.К.(31) од Турција, со привремен престој во Скопје, А.Д.(25) од с.Волково, скопско, Л.А.(20), Ј.К.(47), Д.К.(38), А.С.(25), А.С.(27) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат  соодветни поднесоци.

Повеќе

На 18.11.2025 околу 15.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„52“ и ул.„49“ во населба Стопански двор во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 35-годишната Л.Б. од Германија и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(51) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки О.Ш.(49) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле сопатниците М.Ш.(22), Е.И.(23), А.Р.(30) сите од Скопје од истото возило, како и Л.Б. и нејзиниот малолетен сопатник, констатирани во Комплексот клиники…

Повеќе