Author: Author 04

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемувања на водостоите на реките, како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што посочуваат во Битолски регион има излевање на реката Шемница кај село Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река. Преспански регион: Излевање на реки во село Царев Двор и Дрмени со поплавени куќи. Постои опасност од излевање на Голема Река. Струмички регион: Нема пријавени штети, регистрирани се одрони на…

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година, по средбите во Брисел. Заедно со министрите Тимчо Муцунски и Зоран Љутков, Ѓорѓиевски оствари средба со еврокомесарот Глен Микалеф, каде ја претстави подготвеноста на градот да влезе во нова ера на европски стандарди и трансформација. Градоначалникот најави историска трансформација на градот преку деблокирање на процесот, воведување транспарентно управување и инвестиција од над 55 милиони евра во клучна инфраструктура. „Деновиве, заедно со министерот Тимчо Муцунски и Зоран Љутков сме во Брисел, каде што остваривме значајна средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и…

Повеќе

Интензивните врнежи од дожд во изминатите 24 часа оставија најголема трага во Претор, каде што се измерени најголеми количини на воден талог. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Претор наврнале дури 66 литри на метар квадратен. Високи вредности на врнежи се забележани и во други региони: Исто така, над 20 литри дожд наврнале во Тополчани, Пожаране и Виница (по 24 литри), како и во Крива Паланка (23 литри). Во главниот град, измерени се 4 литри во Зајчев Рид и 5 литри во Петровец. Најмалку врнежи имало во Гевгелија – 3 литри. Од УХМР најавуваат дека променливото облачно…

Повеќе

Македонија е држава која се вбројува меѓу земјите кои издвојуваат значителни средства за правосудството и кои на судиите и обвинителите, согласно закон, им обезбедила високи примања, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Секоја година од државниот буџет за македонското судството се одвојуваат дури 0,39% од БДП. Со овој процент ние одвојуваме повеќе дури и од далеку помоќните економски европски држави како Франција која за судството одвојува 0,20%, Германија 0,30%, Грција 0,26% од БДП. Нашиот сосед Албанија издвојува 0,29% од БДП, Молдавија 0,35% и Грузија 0,23%. Овие податоци покажуваат дека иако Македонија е мала држава и по територија и население, сепак…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе отпатува за Тирана, Република Албанија, каде што ќе учествува на Самитот на лидери насловен „Нашиот план до ЕУ“. Како што е предвидено во агендата, премиерот Мицкоски ќе има активно учество во програмата на Самитот. Тој ќе се обрати на панел дискусијата насловена „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“.

Повеќе

Управата за извршување санкции денеска ќе го официјализира отворањето на новото детско катче во Казнено-поправната установа (КПУ) Идризово. Катчето е изградено со директна поддршка од Европската унија (ЕУ) и Советот на Европа, како дел од напорите за подобрување на условите во пенитенцијарниот систем. На настанот се очекуваат обраќања од високи претставници: Како што информираат од Управата, оваа иницијатива е резултат на соработката со Министерството за правда. Реализацијата е овозможена преку заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“, конкретно преку проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија“.

Повеќе

Денеска се празнува Св. Aрхангел Михаил.Празникот на  Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Главниот празник на свети архангел Михаил се празнува на 8 ноември (јулијански календар). Се вика Собор на свети архангел Михаил. Денес, пак, црквата утврдила да се празнува споменот на неговите чуда што се случија во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна исто во спомен на неговите чуда беше подигната црква посветена на свети архангел Михаил. Но во ноември пак меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот Собор на свети архангел…

Повеќе

Обилните врнежи од дожд кои започнаа синоќа предизвикаа појава на одрони на патниот правец кој ги поврзува Делчево и Македонска Каменица. Поголеми одрони се регистрирани по напуштање на селото Очипала, во близина на месноста Баткова Чешма. На коловозот на оваа локација има расфрлано поголемо количество земја и камења. Покрај големите, поситни одрони се присутни на повеќе места долж целиот патен правец, што значително го отежнува одвивањето на сообраќајот и бара зголемено внимание од возачите. Состојбата дополнително се усложнува поради влажната коловозна површина и намалената видливост како директна последица од врнежите. Надлежните служби упатија апел до сите учесници во сообраќајот: да…

Повеќе

Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците, велат од ВЛЕН. „НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин…

Повеќе

Без електрична енергија денеска ќе останат корисниците од улиците „Михаил и Ефтихиј“ и „Георги Димитров“ во општина Кисела Вода. Како што соопшти РЦУК Скопје по известување од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде во периодот од 10.00 до 13.00 часот.

Повеќе