Author: Author 04

Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, објави Јавен повик за изразување интерес за учество во базата на експерти на Ресурсниот центар кој е отворен за аплицирање до 15.12.2025 година. Со воспоставувањето на базата на експерти се создава динамичен и професионален механизам кој ќе овозможи општините да добијат навремена, стручна и таргетирана поддршка. Секој експерт што ќе се вклучи ќе има можност да сподели знаење, да работи на конкретни предизвици, да креира решенија и да даде видлив придонес во развојни процеси од локално значење. Преку овој јавен повик, ќе се формира регистар на висококвалификувани…

Повеќе

Директорот на Државен пазарен инспекторат (ДПИ), Влатко Стојкоски денеска информираше дека инспекторите на Државниот пазарен инспекторат спровеле засилени контроли кај 23 правни субјекти кои тргуваат со тутун и тутунски производи на територијата на Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга. „Кај 16 субјекти беа откриени производи без документи за потекло и без акцизни марки, спротивно на законските прописи. Затекнатите над 3000 пакувања, со вредност од над 1 милион денари, се привремено одземени и предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. За прекршоците се издадени платни налози, а случаите се проследени и до Царинската управа и МВР за понатамошно постапување“, истакна Стојкоски. Тој…

Повеќе

Основниот суд во Кочани одреди мерки куќен притвор за две лица – даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалната дирекција Штип. Ова денеска го потврди претседателот на Основниот суд-Кочани, Спиро Борисов. Одлуката е донесена откако Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работењето на клубот „Пулс“. За шест други лица опфатени во истрагата, од кои даночни инспектори и управници, се одредени мерки на претпазливост, а за едно лице дополнителна мерка на претпазливост. Примање поткуп и откривање тајни Според Обвинителството, двајцата даночни контролори кои се во куќен притвор се осомничени…

Повеќе

„За Македонија Планот за раст е многу повеќе од иницијатива“, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст во Тирана. „Тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена“, продолжи Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот. „Ова беше резултат на посветена работа и на цврсто верување во европските вредности. Нашата реформска агенда, одобрена од Европската комисија, се фокусира на она што навистина е важно – добро владеење, чиста енергија, образование, развој на бизнисот и…

Повеќе

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.Г.(37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.11.2025 на влез во Битола, полициски службеници извршиле преглед на такси возило во кое се превезувале две лица, при што кај нив е пронајден и одземен метамфетамин, кој претходно го набавиле од пријавениот.

Повеќе

ОВР Кичево поднесена кривична пријава против Р.О.(57) од кичевското село Длапкин Дол и едно правно лице со седиште во истото село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Првопријавената, во својство на управител на правното лице и инвеститор, во населбата „Касарна Блок 1“ во Кичево,  при градба на станбена зграда, постапила спротивно на одобрението за градење, издадено од општина Кичево и над петтиот кат, наместо кров предвиден во проектот, неовластено изградила уште еден кат и поткровје.

Повеќе

Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје, С.И.(56) од Скопје пријави дека околу 16:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, додека извршувал работни задачи како вработен во ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје, бил физички нападнат од неговиот колега А.Н.(35) од с.Грчец, скопско, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера во 23:15 часот во СВР Скопје од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив била донесена 46-годишната М.И. од Скопје, која се здобила со телесна повреда околу 22:00 часот за време на концерт во Културно информативен центар во Скопје, кога врз неа од таванот паднала решетка од вентилација. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Повеќе

Вчера СВР Струмица- ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против И.С.(34) од Нов Дојран. Тој се сомничи дека на 20.11.2025 во атар на село во општина Дојран извршил обљуба врз 25- годишна девојка. И.С. е лишен од слобода и изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор.

Повеќе

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Н.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, како самостоен референт – контролор во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи при СВР Велес, постапувајќи по предмет за одземање на оружје и дозвола за поседување на оружје од лице за кое претходно се водела управна постапка, иако бил истечен законски утврдениот рок, пријавениот спротивно на одредбите од Законот за општата управна постапка, ја повторил постапката и изготвил решение со кое…

Повеќе