Author: Author 04

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одржа говор на свечената седница на Владата по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, порачувајќи дека само со сплотеност во почит, доверба и одговорност може да се постигнат резултати што ќе ја движат татковината напред. Премиерот истакна дека Македонија е дом на различности кои ја збогатуваат заедничката национална приказна, а албанската заедница е суштински дел од државата. „Нашата цел е да градиме општество во кое младите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи и сите други, ќе ја гледаат својата иднина тука. Општество во кое секој јазик е мост а не граница, сила а…

Повеќе

Овен Денешната енергија ви дава контрола над нешто што долго време сте го одложувале. Ова е ден кога можете да поставите правила, граници и план што ќе остане стабилен. Не брзајте – Месечината во Јарец бара мудри, не импулсивни чекори. Бик Почнувате конечно да добивате стабилност. Нешто што одамна ви висело над глава сега добива форма и решение. Имате сила да ја преземете контролата и да ги поставите работите на свое место. Близнаци Стара идеја или разговор повторно се појавува, но денес знаете што да правите со тоа. Не брзајте со заклучоци — оставете го Сатурн да ви ја даде…

Повеќе

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)денеска упати апел до населението во регионите каде има поплавување да води сметка за безбедноста на храната, водата за пиење и за здравствената состојба и благосостојбата на животните. АХВ укажува преку медиумите да се следат информациите за временската прогноза, состојбата со водотеците во земјава, состојбата со водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење. – Доколку во регионите каде веќе има излевање на реките и поплавување на домовите и земјоделските површини и водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти, ако има видливо заматување на водата, истата да не се користи за пиење и за готвење, се…

Повеќе

По повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до сограѓаните Албанци, истакнувајќи ја моќта на јазикот и писмото како темелни вредности. Таа нагласи дека јазикот и писмото го обликуваат колективниот идентитет и ја зајакнуваат духовната поврзаност меѓу генерациите, потсетувајќи на историското значење на Битолскиот конгрес од пред 117 години, каде што била унифицирана азбуката. Претседателката Сиљановска-Давкова ја искористи приликата да ја истакне улогата на албанскиот јазик во мултиетничката држава: „Почитта кон јазикот и кон писмото на секоја заедница ја зајакнува социјалната кохезија и го сплотува македонското мултиетничко општество. Албанскиот јазик е дел од раскошниот…

Повеќе

Денеска е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во земјава. 22 ноември се одбележува како Ден на албанската азбука, па согласно Законот за празници е неработен ден за Албанците во Македонија. По тој повод денеска ќе одржи свечена седница во Свечената сала во Влада. Свое обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

Повеќе

Иако веќе изминува месец ноември, дел од граѓаните сè уште го немаат добиено повратот од скенирање фискални сметки преку проектот „Мој ДДВ“. Сепак од Министерството за финансии смируваат – парите ќе легнат на сметките до крајот на месецов. – Исплатата на средствата за скенирани фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на кварталот. За третиот квартал (јули–септември), законскиот рок до кога треба да се изврши исплатата е до 30 ноември 2025 година. Најчестите проблеми поради кои има доцнење на исплатата на средствата се поврзани со погрешно внесени или неажурирани податоци за трансакциска сметка…

Повеќе

Наместо работа, ефикасност и подобрување на перцепцијата кај граѓаните, правосудството со 2 проценти доверба бара повисоки примања и до 8 просечни плати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.  „Македонското правосудство со 2% доверба од граѓаните никако да поработи на себе за да ја зголеми ефикасноста, дополнително си ја подриваат и така малата доверба и кредибилност. Наместо посветено да работат во интерес на граѓаните и за доследно спроведување на правдата, кој процес нема да трае со години како до сега, делови од судството и обвинителството бараат двојно зголемување на платите. Не треба да заборавиме дека македонските правосудни органи се едни од…

Повеќе

РЦУК Скопје информира дека без електрична енергија денеска од 09.00 до 15.00 часот ќе биде дел од ул.„Партение Зографски“ од крстосницата со ул.„Рилски Конгрес“ до бул.„Тодор Александров“ во општина Центар. 

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави податоците за измерените врнежи во изминатите 24 часа. Најмногу дожд наврнал во Маврови Анови со 18 литри на метар квадратен, по што следат Гевгелија со 17 литри и Пожаране и Попова Шапка со по 16 литри. Пообилни врнежи имало и во Берово (15 л/м²) и Тетово (14 л/м²). Во Скопје (Петровец) се измерени 4 литри, додека на Зајчев Рид само 1 литар. Утринската температура низ земјата се движи од 4 до 14 степени. УХМР и за денеска најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Се предупредува дека наместа врнежите ќе…

Повеќе

По повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, денеска во Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи свечена седница. На настанот е предвидено да се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Овој ден ја одбележува годишнината од Битолскиот конгрес кој се одржал од 14 до 22 ноември 1908 година. На овој Конгрес, десетици албански научници се состанале за да ја создадат и унифицираат албанската азбука. Битолскиот конгрес се смета за еден од најзначајните настани во историјата на културата и на албанскиот народ во целина. Од 2007 година, Денот на албанската азбука е прогласен за државен празник и е неработен ден…

Повеќе