Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија на пат кон Турција: Автобус остана без гориво, па усмрти двајца патници и повреди 16 лица

    Трагедија на пат кон Турција: Автобус остана без гориво, па усмрти двајца патници и повреди 16 лица

    22.04.2026 во 09:541 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот Бургас-Малко Трново, во близина на граничниот премин кон Турција, во која животот го загубија двајца патници, а најмалку 16 лица се здобија со повреди. Несреќата се случила кога украински автобус, кој превезувал 37 патници и двајца возачи, застанал поради недостаток на гориво.

    Според првичните информации, додека патниците излегувале од возилото и се собрале во неговата непосредна близина, автобусот неочекувано почнал да се движи наназад, при што удрил во групата луѓе и завршил во канал покрај патот.

    Истражителите ја објаснија хронологијата на инцидентот:

    „Возилото се расипало откако останало без гориво. Патниците излегле, но кратко време подоцна автобусот одеднаш почнал да се движи и удрил во луѓето што стоеле зад него“.

    Како последица на ударот, две лица го загубија животот, додека 16 патници, меѓу кои и деца, се пренесени во болниците во Бургас и во ургентниот центар во Малко Трново. На останатите патници им е укажана помош во дневен центар во пограничниот град.

    Полицијата го приведе возачот на автобусот во Регионалната полициска управа во Малко Трново. Истрагата за утврдување на околностите поради кои возилото се придвижило и ги усмртило патниците е во тек.

    Прочитај повеќе

    Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините

    21.10.2026 во 23:41

    „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага

    21.10.2026 во 22:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.