Author: Author 04

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите се очекува да бидат пообилни, со услови за појава на невреме, проследено со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени. Максималната температура ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде 9, а максималната ќе достигне до…

Повеќе

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против Фатон Љури (25), обвинет за прегазување на Југослав Николовски (68) на пешачка патека на кејот на Вардар во јули годинава, управувајќи мотор без дозвола. Рочиштето беше одбележано со правна расправа околу доказите на одбраната и емотивен исказ на сопругата на починатиот. Јавната обвинителка побара да се одбијат доказите за казнена евиденција и дополнителното сообраќајно вештачење предложено од одбраната. Обвинителството смета дека доказите (за семејни прилики, психијатриско вештачење на вонбрачната партнерка) се нерелевантни за утврдување на вината и санкцијата, бидејќи фактите се веќе утврдени со признанието на вина од страна на Љури.„Околностите…

Повеќе

Вчера во 07:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Филип Втори Македонски“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(62) од Скопје, удрило во пешакот М.К.(46) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје, информираа од полицијата.  Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Повеќе

Вчера во 22:00 часот на скопската обиколница, во близина на клучка Волково, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(56) од Скопје. При преземање мерки по претходна случена сообраќајна незгода во која А.К. учествувал со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, А.К. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик, соопштија од МВР. 

Повеќе

Екипите на јавни претпријатија на Општина Охрид постојано се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи од дожд, кои го зафатија охридскиот регион во изминатите неколку дена, соопштија од Општина Охрид. „Се работи на неколку локации низ градот каде што имаше поплавување на улици и јавни површини, предизвикани од излевање на водотеци и атмосферска канализација. Во делови од градот, водата достигна повисоко ниво, поради што беше неопходно испумпување за да не се предизвикаат штети врз објектите. Покрај справувањето со поплавените површини, екипите на јавните претпријатија интервенираа и на неколку локации каде што силниот дожд и…

Повеќе

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Н.(34) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394 од Кривичниот законик. Тој, на  29.10.2025 година, на социјалните мрежи поставил текст со расистички и ксенофобичен материјал.

Повеќе

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,9 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 и Транспорт и складирање за 11,5 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Преработувачка индустрија за 3,5 отсто, Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 1,8 и Рударство…

Повеќе

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, Л.Ф.(69) од Скопје пријави дека во периодот од април 2025 до 20.11.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел во Скопје, биле одземени две бисти, информираа од полицијата.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

За да е нападнат нечиј кредибилитет, судијата треба да има кредибилитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.  „А Добрила Кацарска го изгуби во времето кога судеше 200 години затвор за 27 април и стана преку ноќ уставен судија со што покажа дека е обичен апаратчик на минатата власт.  Таа не само што беше поддржувач на неправдата, туку нејзин активен чинител. А судската тога и наметка не ја прави добар судија, туку одлуките со кредибилитет кој Кацарска ги нема“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе

Не гледам повеќе суштина ако билатералните проблеми и билатералните спорови се тие кои што одлучуваат дали земјите треба да станат полноправни членки во рамките на ЕУ. За мене суштината која што ја гледам е испораката, реформите, чекорите кои што ги исполнуваат. И се додека тоа е врз системот на испорака, тогаш апсолутно ние како држава ќе бидеме компетитивни и убеден сум дека ние ќе бидеме тие кои што први ќе стигнат до конечната цел, изјави денеска во Тирана премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. – Доволно долго сме во овој процес повеќе од 25 години, 20 години откако сме…

Повеќе