Вчера околу 02:30 часот во близина на граничната линија со Грција, во атар на с. Богородица, полициски службеници од ПС за ГП и ГН Богородица го лишија од слобода У.Ш.(48) од Скопје, поради сомнение дека со патничко возило „тојота корола“ со италијански национални ознаки, превезувал пет лица мигранти, сите од Виетнам.
По наредба на јавен обвинител, У.Ш. е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија.
- Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
- Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето
- Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето
- СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
- Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
- Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање
- Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера
- Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски

