Познатиот бизнисмен Зоран Азманов, кој е претседател на Надзорниот одбор и директор на градежната компанија „Настел“, утрово бил физички нападнат во просториите на Основниот граѓански суд во Скопје, пренесе Скопје 1.
Според првичните информации, инцидентот се случил во текот на судско рочиште. Засега не се познати мотивите кои довеле до нападот, ниту пак има официјални детали за здравствената состојба на Азманов и за тоа дали се здобил со повреди.
Случајот за Скопје 1 го потврдилеи од Министерството за внатрешни работи, од каде соопштиле дека инцидентот бил пријавен во текот на утрото.

