Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: „Безбеден град“ ќе се прошири, подвижните радари во полициските возила ќе казнуваат автоматски

    26.11.2026 во 20:50

    Руски шпион пред суд во Германија: Собирал информации за лице поврзано со украинската војска

    26.11.2026 во 20:27

    Дурмиши: Недела останува неработен ден

    26.11.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: „Безбеден град“ ќе се прошири, подвижните радари во полициските возила ќе казнуваат автоматски
    • Руски шпион пред суд во Германија: Собирал информации за лице поврзано со украинската војска
    • Дурмиши: Недела останува неработен ден
    • Димовски: Седум нови странски инвестиции вредни над 150 милиони евра и нови работни места во Македонија
    • Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда
    • Пожар во стан во Охрид: Осум лица завршија во болница, приведен 55-годишен охриѓанец
    • Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите
    • Унгарија со јасна порака до Брисел: Нема да прифатиме буџет што бара поголеми придонеси
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: „Безбеден град“ ќе се прошири, подвижните радари во полициските возила ќе казнуваат автоматски

    Тошковски: „Безбеден град“ ќе се прошири, подвижните радари во полициските возила ќе казнуваат автоматски

    26.11.2026 во 20:503 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Системот „Безбеден град“ ќе продолжи да се надградува и проширува низ државата, а во полициските возила ќе бидат инсталирани паметни камери со радари кои ќе овозможат автоматско регистрирање на сообраќајните прекршоци – најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, посочувајќи дека целосната имплементација на проектот треба да заврши до средината на 2027 година.

    Тошковски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, истакна дека признанието за „Безбеден град“ во Дубаи не се однесува само на технолошкиот систем, туку и на законските измени, начинот на неговото функционирање и постигнатите резултати во намалувањето на сообраќајните несреќи со смртни последици.

    Според него, во Македонија во изминатите 35 години просечно годишно гинеле по 150 лица во сообраќајни несреќи, додека годинава, заклучно со денот на изјавата, бројката изнесува 85 жртви.

    – Камерите не се за да казнуваат. Целта на камерата е да спаси еден човечки живот повеќе од претходно. Човечкиот живот нема цена – порача Тошковски.

    Тој најави дека подвижните радари во полициските возила ќе функционираат и во урбаните средини и на отворените патишта, а нивното воведување ќе се одвива етапно, со оспособување на возилата и обука на полициските службеници.

    Во однос на казнувањето за непрописно паркирање, министерот најави дека системот ќе биде ставен во функција до крајот на годинава. Сепак, за разлика од првичните очекувања, прекршокот нема да се утврдува целосно автоматски, туку ќе биде потребна потврда од полициски службеник, бидејќи системот не може со целосна точност да разликува непрописно паркирање од запирање поради сообраќаен метеж.

    Фокусот ќе биде ставен на главните булевари во Скопје и другите градови, особено на сообраќајниците по кои се движат автобусите.

    Тошковски најави и дека од следната недела македонските граѓани ќе имаат на располагање мобилна апликација, преку која ќе можат да проверуваат дали имаат регистриран сообраќаен прекршок и да ги плаќаат казните.

    Дополнително, до крајот на годината се очекува да биде ставен во функција пунктот за проверка на возилата на граничниот премин Блаце, по примерот на пунктот на Табановце. Во иднина се планира проширување и на други гранични премини, меѓу кои и Богородица.

    Во врска со проширувањето на системот низ државата, министерот најави дека СВР Струмица треба да биде опфатен во првата половина на следниот месец, СВР Штип до крајот на годината или најдоцна до крајот на јануари, а СВР Скопје до крајот на февруари.

    Тој нагласи дека „Безбеден град“ ќе продолжи да се надградува, особено на критичните сообраќајни точки каде што се регистрирани најголем број тешки сообраќајни несреќи.

    Како крајна цел, Тошковски ги посочи европските заложби за преполовување на бројот на жртви во сообраќајот до 2030 година и постигнување нула жртви до 2050 година.

    Прочитај повеќе

    Димовски: Седум нови странски инвестиции вредни над 150 милиони евра и нови работни места во Македонија

    26.11.2026 во 19:43

    Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда

    26.11.2026 во 19:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.