Close Menu
Press24
    Најново

    Унгарија со јасна порака до Брисел: Нема да прифатиме буџет што бара поголеми придонеси

    26.11.2026 во 18:22

    Двајца Ирачани уапсени во Германија: Подготвувале напади врз синагоги и американски објекти

    26.11.2026 во 18:20

    Николоски: Следната недела нов ИПАРД повик – поддршката може да покрие и повеќе од половина од вкупната инвестиција

    26.11.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Унгарија со јасна порака до Брисел: Нема да прифатиме буџет што бара поголеми придонеси
    • Двајца Ирачани уапсени во Германија: Подготвувале напади врз синагоги и американски објекти
    • Николоски: Следната недела нов ИПАРД повик – поддршката може да покрие и повеќе од половина од вкупната инвестиција
    • Цветков до Дурмиши: Дали две минимални плати се доволни за четиричлено семејство да го преживее месецот?
    • Нов развој на случајот со Драган Вучичевиќ: Обвинителството бара притвор
    • Вреди: Ставаме крај на самовластието на друштвата за брзи кредити
    • Мицкоски: Просечната плата пораснала за 20%, а пензијата за 36,5% за 28 месеци
    • Дел од Центар утре без вода од 9 часот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Унгарија со јасна порака до Брисел: Нема да прифатиме буџет што бара поголеми придонеси

    Унгарија со јасна порака до Брисел: Нема да прифатиме буџет што бара поголеми придонеси

    26.11.2026 во 18:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Унгарија нема да го прифати предлогот за следниот седумгодишен буџет на Европската Унија доколку неговата примена значи зголемување на финансиските придонеси на земјата, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар во Брисел.

    Во видеопорака објавена на неговиот профил на „Фејсбук“, по повод самитот на лидерите на ЕУ, Маѓар истакна дека претстојат тешки преговори за следниот долгорочен финансиски план на Унијата.

    Тој нагласи дека Унгарија се залага за буџет во кој традиционалните политики, како кохезионата политика и заедничката земјоделска политика, ќе продолжат да добиваат финансиска поддршка на приближно исто ниво како и во претходните години.

    Маѓар посочи дека Будимпешта не се согласува ниту финансирањето на Украина да биде поврзано со следниот седумгодишен буџет на ЕУ.

    „Унгарија, заедно со неколку други земји членки, исто така јасно стави до знаење дека не може да прифати предлог што на кој било начин го поврзува прашањето за финансирање на Украина со следниот седумгодишен буџет на ЕУ“, истакна Маѓар.

    Тој информираше дека одржал консултации со претставници на групата од 17 земји членки позната како „Пријатели на кохезијата“, а дека Будимпешта одржува контакти и со земјите од Вишеградската група, со цел координирање на позициите во преговорите.

    „Заедно, обединети, ги браниме и кохезионата политика и интересите на Централна Европа“, порача унгарскиот премиер.

    Тој додаде дека интересите на Унгарија, нејзините граѓани и бизниси остануваат приоритет.

    На дневниот ред на самитот на Европскиот совет во Брисел е следниот седумгодишен финансиски план на ЕУ, кој ќе го опфати периодот од 2028 до 2034 година, како и обезбедувањето финансиска поддршка за Украина во 2027 година.

    Преговорите се одвиваат во услови на различни ставови меѓу земјите членки за висината на буџетот, распределбата на средствата и идното финансирање на Украина.

    Прочитај повеќе

    Двајца Ирачани уапсени во Германија: Подготвувале напади врз синагоги и американски објекти

    26.11.2026 во 18:20

    Нов развој на случајот со Драган Вучичевиќ: Обвинителството бара притвор

    26.11.2026 во 17:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.