Close Menu
Press24
    Најново

    Цветков до Дурмиши: Дали две минимални плати се доволни за четиричлено семејство да го преживее месецот?

    26.11.2026 во 17:43

    Нов развој на случајот со Драган Вучичевиќ: Обвинителството бара притвор

    26.11.2026 во 17:12

    Вреди: Ставаме крај на самовластието на друштвата за брзи кредити

    26.11.2026 во 17:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цветков до Дурмиши: Дали две минимални плати се доволни за четиричлено семејство да го преживее месецот?
    • Нов развој на случајот со Драган Вучичевиќ: Обвинителството бара притвор
    • Вреди: Ставаме крај на самовластието на друштвата за брзи кредити
    • Мицкоски: Просечната плата пораснала за 20%, а пензијата за 36,5% за 28 месеци
    • Дел од Центар утре без вода од 9 часот
    • Мицкоски: Следните две години ќе бидат предизвикувачки
    • Сали во Тирана: Планот за раст носи конкретни резултати 
    • Трагедија во „Мермерен комбинат“: 54-годишен работник почина по тешка несреќа на ноќната смена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цветков до Дурмиши: Дали две минимални плати се доволни за четиричлено семејство да го преживее месецот?

    Цветков до Дурмиши: Дали две минимални плати се доволни за четиричлено семејство да го преживее месецот?

    26.11.2026 во 17:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на собраниска седница упати прашања до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во врска со зголемувањето на трошоците за живот, висината на минималната плата и можноста недела повторно да стане работен ден.

    Цветков посочи дека за ноември синдикалната потрошувачка кошница изнесува 70.827 денари, додека владината пресметка на трошоците за живот изнесува 59.149 денари. Според него, разликата од над 12.000 денари отвора прашања за тоа колку владината методологија ги отсликува реалните потреби на едно четиричлено семејство.

    Тој предупреди дека граѓаните продолжуваат да се соочуваат со поскапувања на основните производи, меѓу кои јајцата, месото, млечните производи и брашното. Посочи дека јајцата поскапеле за речиси 13 проценти, а брашното за околу 7 проценти, додека трошоците за живот продолжуваат да растат.

    Во своето обраќање, Цветков ја критикуваше разликата меѓу владината и синдикалната потрошувачка кошница, нагласувајќи дека граѓаните треба да имаат јасна слика за реалните трошоци за живот и куповната моќ на нивните приходи.

    Пратеникот побара од министерот Дурмиши да одговори дали две минимални плати се доволни за едно четиричлено семејство да ги покрие основните месечни потреби.

    „Дали сметате дека две минимални плати се доволни за четиричлено семејство да го преживее месецот, и ако се доволни, врз кои критериуми или податоци го темелите тој став?“, праша Цветков.

    Тој се осврна и на најавите поврзани со евентуалното укинување на недела како неработен ден, повикувајќи се на изјавите на заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристевски.

    Цветков праша дали овие најави значат дека Владата планира измени на Законот за работните односи со кои недела повторно би станала работен ден за дел од работниците.

    „Дали ваквата изјава е најава за измена на Законот за работни односи и удоволување на Стопанската комора, за да можат недела да им ја земат на работниците и семејствата?“, праша пратеникот.

    На крајот, тој побара конкретен одговор од министерот дали недела ќе остане неработен ден или се разгледува можноста за нејзино повторно воведување како работен ден.

    Прочитај повеќе

    Вреди: Ставаме крај на самовластието на друштвата за брзи кредити

    26.11.2026 во 17:07

    Мицкоски: Следните две години ќе бидат предизвикувачки

    26.11.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.