Close Menu
Press24
    Најново

    Сали во Тирана: Планот за раст носи конкретни резултати 

    26.11.2026 во 16:13

    Трагедија во „Мермерен комбинат“: 54-годишен работник почина по тешка несреќа на ноќната смена

    26.11.2026 во 15:50

    Ѓорѓиевски: Нови покриви во скопските средни училишта, следната година ќе се градат уште две училишта

    26.11.2026 во 15:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали во Тирана: Планот за раст носи конкретни резултати 
    • Трагедија во „Мермерен комбинат“: 54-годишен работник почина по тешка несреќа на ноќната смена
    • Ѓорѓиевски: Нови покриви во скопските средни училишта, следната година ќе се градат уште две училишта
    • Стан во Центар ќе чини 1.513 евра, во Карпош 1.110 евра – Мицкоски најави попусти за младите брачни парови
    • Незаконски им наплаќале опомени за кредити: 26.000 граѓани ќе добијат назад над 140 милиони денари
    • Почина продуцентот Игор А. Нола
    • Приведено едно лице за убиството кај Смилковското Езеро
    • Нова студентска картичка со попусти до 50 проценти: Мицкоски најави пошироки поволности преку „М.услуги“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сали во Тирана: Планот за раст носи конкретни резултати 

    Сали во Тирана: Планот за раст носи конкретни резултати 

    26.11.2026 во 16:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок за европска интеграција, на 26 ноември во Тирана, во рамки на Самитот за Планот за раст на Западен Балкан.

    На сесијата посветена на постигнувањето резултати и забрзувањето на спроведувањето, Сали го презентираше напредокот на Северна Македонија во реализацијата на Реформската агенда. Тој истакна дека земјата обезбедила 142,1 милиони евра од Инструментот за реформи и раст, додека 22 реформски чекори, со проценета бруто-вредност од над 112 милиони евра, се пријавени во четвртото барање за средства и чекаат оценка од Европската комисија.

    Министерот нагласи дека придобивките од интеграцијата веќе се мерливи. До септември 2026 година, преку Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) се реализирани над 581 илјада трансакции, во вредност од околу 11 милијарди евра, со проценети заштеди од над 5 милиони евра.

    Во своето обраќање, Сали стави акцент и на модернизацијата на граничните премини Деве Баир, Блаце и Богородица во рамки на иницијативата Зелени коридори, интеграцијата во европските синџири на вредност, усогласувањето на индустриските стандарди, дигитализацијата и одржливиот туризам. Тој ги презентираше резултатите од WiFi4WB, со над 204 илјади уникатни корисници, како и потенцијалот на иницијативите DigitMAK и Везилка за дигитална трансформација и вештачка интелигенција.

    Сали ја нагласи потребата од предвидлива финансиска поддршка и по 2027 година и од потесно поврзување на реформите, инвестициите и пристапот до единствениот европски пазар. Тој потврди дека постепената интеграција и регионалната соработка треба да го зајакнат пристапниот процес заснован на заслуги, додека полноправното членство во Европската Унија останува стратешка цел на земјата.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји

    26.11.2026 во 14:01

    Филипче до Мицкоски: Порачајте им на вашите пријатели од Србија да не ми се закануваат

    26.11.2026 во 13:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.