Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: Нови покриви во скопските средни училишта, следната година ќе се градат уште две училишта

    26.11.2026 во 15:30

    Стан во Центар ќе чини 1.513 евра, во Карпош 1.110 евра – Мицкоски најави попусти за младите брачни парови

    26.11.2026 во 15:15

    Незаконски им наплаќале опомени за кредити: 26.000 граѓани ќе добијат назад над 140 милиони денари

    26.11.2026 во 14:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Нови покриви во скопските средни училишта, следната година ќе се градат уште две училишта
    • Стан во Центар ќе чини 1.513 евра, во Карпош 1.110 евра – Мицкоски најави попусти за младите брачни парови
    • Незаконски им наплаќале опомени за кредити: 26.000 граѓани ќе добијат назад над 140 милиони денари
    • Почина продуцентот Игор А. Нола
    • Приведено едно лице за убиството кај Смилковското Езеро
    • Нова студентска картичка со попусти до 50 проценти: Мицкоски најави пошироки поволности преку „М.услуги“
    • Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји
    • Филипче до Мицкоски: Порачајте им на вашите пријатели од Србија да не ми се закануваат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Нови покриви во скопските средни училишта, следната година ќе се градат уште две училишта

    Ѓорѓиевски: Нови покриви во скопските средни училишта, следната година ќе се градат уште две училишта

    26.11.2026 во 15:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше дека изминатиов период се заменети дотраените покриви во скопските средни училишта.

    – Со години, додека учениците учеа, а професорите предаваа, покривите над нив прокиснуваа. Со години се знаеше за проблемот, а неговото решавање се оставаше за некое друго време. Како градоначалник, сметам дека ниту една генерација не смее да го помине школувањето чекајќи основни услови за настава. Затоа ги заменивме дотраените покриви. Под тие нови покриви ќе учат и денешните средношколци и генерациите што доаѓаат по нив. Моја одговорност како градоначалник е да ви обезбедам подобри услови за работа, а на учениците да им отворам нови можности – изјави Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека во градските средни училишта обновени се спортските терени, училниците се опремени со нов мебел, компјутери, лаптопи и интерактивни табли, а обезбедено е и ормарче за секој ученик, како и бесплатни униформи за учениците од прва година и лаптопи за првенците на генерацијата.

    – Во „Димитар Влахов“ отворивме фризерско-козметички салон каде што учениците го учат занаетот со професионална опрема. Организиравме бесплатен едукативен камп во Охрид, а за оваа зима предвидовме и ски-викенд за средношколците. Иднината на Скопје денес седи во училишните клупи и заслужува да го добие најдоброто од нас – рече Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски истакна дека во тек е поставувањето фотоволтаици во училиштата, а следната година ќе се градат две нови средни училишта, едно во Драчево и едно во Ѓорче Петров.

    Прочитај повеќе

    „Не си сама“: Ѓорѓиевски најави нова поддршка за жртвите на семејно насилство

    26.11.2026 во 11:53

    Отворен ден во Илинден: Граѓаните ќе предлагаат приоритети за буџетот

    26.11.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.