Close Menu
Press24
    Најново

    Нова студентска картичка со попусти до 50 проценти: Мицкоски најави пошироки поволности преку „М.услуги“

    26.11.2026 во 14:33

    Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји

    26.11.2026 во 14:01

    Филипче до Мицкоски: Порачајте им на вашите пријатели од Србија да не ми се закануваат

    26.11.2026 во 13:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нова студентска картичка со попусти до 50 проценти: Мицкоски најави пошироки поволности преку „М.услуги“
    • Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји
    • Филипче до Мицкоски: Порачајте им на вашите пријатели од Србија да не ми се закануваат
    • Татко се јавил во полиција: Поранешниот партнер ја вознемирува на ќерка ми една година
    • Малолетник од установа за згрижување пријавен дека имал полови односи со возрасни лица
    • Затвореник од Штип му се заканувал на вработен во затворот и на неговото семејство
    • Малолетници нападнати на автобуска постојка во Центар, родителите пријавиле во полиција
    • Тешка сообраќајка на патот Студеничани–Зелениково, повредени пет лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нова студентска картичка со попусти до 50 проценти: Мицкоски најави пошироки поволности преку „М.услуги“

    Нова студентска картичка со попусти до 50 проценти: Мицкоски најави пошироки поволности преку „М.услуги“

    26.11.2026 во 14:333 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на пратеничко прашање за студентскиот оброк, најави нов концепт со кој студентите ќе добијат поширок спектар на поволности преку апликацијата „М.услуги“, надвор од досегашниот модел на студентски оброк, како што рече тој целта е привилегиите да важат во текот на целата година и да опфаќаат различни услуги и привилегии.

    „Концептот е да развиеме сосема нов пристап кога станува збор за привилегиите кои што ќе можат да ги користат студентите. Не да се ограничиме на концептот дневен оброк, кој што гледам доста и политички се злоупотребува од страна на поедини опозициски периферни политичари, туку зборувам да има суштина. И тоа ќе биде дел од апликацијата која што ја развива Министерството за дигитална трансформација, а тоа е „М.услуги“ која што веќе добива свој интензитет. И тука работиме заеднички со Министерството за образование и наука, со Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, мојот кабинет и Министерството за финансии. И од последната седница на Влада ќе се вклучи и Министерството за социјална политика, демографија и млади бидејќи тие развиваат една друга апликација и друга картичка односно младинска картичка. Така што сакаме да имаме еден поширок концепт на привилегии кои што во суштина ќе ги користат нашите студенти. Да не биде тоа оние денови кои што сега се определени со закон, бидејќи сега завршува исплаќањето мислам дека беше крајот на јуни, јули, август, септември не се опфаќаат во исплата на дневниот оброк. Истовремено, неделите и празниците исто така се исклучени од сето тоа кое што е нивна привилегија. И мислам дека на тој начин сумата која што тие ја користат е прилично недостоинствена, и нашата цел е како Влада да обезбедиме дополнителни привилегии односно дополнителна можност за да тие користат не само во дел на оброкот, туку и поинаков тип на услуги, надвор од учебната година и надвор од овој тип на услуги кои што денеска ги користат. И тоа ќе биде дел од апликацијата „М.услуги“, истакна Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски нагласи дека попустите би се движеле од 5 до 50 проценти, а во следната фаза се разгледува можноста студентите овие поволности да ги користат и надвор од државата.

    „Јас сум убеден дека таа апликација ќе овозможи на студентите можеби и да се дуплираат и триплираат привилегиите кои што тие ќе ги имаат по различна основа од 5 до 50 проценти, кои што сега не ги користат и ги немаат. Следната фаза е тоа да го користат и надвор од државата. Но, сега се задржуваме тука на домашниот пазар во кои што тие ќе можат преку оваа апликација да користат ваков тип на услуги“, дециден е Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Падна цената на нафтата

    26.11.2026 во 11:28

    Проверувајте ги сметките – Ќе легнат пари до крај на месецов

    26.11.2026 во 10:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.