Двајца малолетници биле физички нападнати од неколку други малолетни лица на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје.
Случајот бил пријавен вчера во 21:20 часот во СВР Скопје од страна на двајца родители, на возраст од 43 и 44 години, чии синови биле нападнати.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

