Педесет и четиригодишен работник во „Мермерен комбинат“ во Прилеп починал утрово во прилепската болница, откако се здобил со тешки повреди за време на ноќната смена.
Станува збор за Т.Г. (54), кој по несреќата бил итно пренесен во болницата во Прилеп, но и покрај брзата реакција и напорите на медицинскиот тим, лекарите не успеале да го спасат поради фаталните повреди.
Раководството и вработените во компанијата изразиле сочувство до семејството и најблиските, а по пријавата на местото се врши увид од надлежните институции за утврдување на причините и околностите за несреќата, при што од „Мермерен комбинат“ најавија целосна соработка и побараа почитување на приватноста на семејството.

