Close Menu
Press24
    Најново

    Димовски: Седум нови странски инвестиции вредни над 150 милиони евра и нови работни места во Македонија

    26.11.2026 во 19:43

    Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда

    26.11.2026 во 19:35

    Пожар во стан во Охрид: Осум лица завршија во болница, приведен 55-годишен охриѓанец

    26.11.2026 во 18:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димовски: Седум нови странски инвестиции вредни над 150 милиони евра и нови работни места во Македонија
    • Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда
    • Пожар во стан во Охрид: Осум лица завршија во болница, приведен 55-годишен охриѓанец
    • Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите
    • Унгарија со јасна порака до Брисел: Нема да прифатиме буџет што бара поголеми придонеси
    • Двајца Ирачани уапсени во Германија: Подготвувале напади врз синагоги и американски објекти
    • Николоски: Следната недела нов ИПАРД повик – поддршката може да покрие и повеќе од половина од вкупната инвестиција
    • Цветков до Дурмиши: Дали две минимални плати се доволни за четиричлено семејство да го преживее месецот?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димовски: Седум нови странски инвестиции вредни над 150 милиони евра и нови работни места во Македонија

    Димовски: Седум нови странски инвестиции вредни над 150 милиони евра и нови работни места во Македонија

    26.11.2026 во 19:433 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp


    „Нашата заложба и посветеност е да привлечеме што повеќе квалитетни странски директни инвестиции кои ќе креираат додадена вредност во самата македонска економија, односно да привлечеме квалитетни странски директни инвестиции кои ќе имаат високо технолошко производство кои  ќе креираат доста голем и позитивен извоз  за БДП и ќе креираат високо платени работни места. Она што можам да го кажам е дека како институција која е одговорна за привлекувањето на странските инвестиции, управување и стопанисување со индустриски зони кои се во сопственост на државата, е тоа дека крајот на годинава, почетокот на 2027 година ќе се објават сите оние нови инвестиции коишто веќе се договорени“, изјави Гоце Димовски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ  и директор на ТИРЗ во емисијата Колегиум на Алфа телевизија.

    Димовски информираше дека се потврдени околу седум нови странски инвестиции, за кои компаниите веќе донеле одлуки, најавувајќи дека дел од нив се големи мултинационални корпорации со долгогодишно меѓународно присуство. Тој објасни дека станува збор за нови производствени капацитети во ТИРЗ во Скопје, насочени кон производство на компоненти и индустриски системи, со очекувања за зголемен извоз и високо платени работни места.

    „Станува збор за повеќе инвестиции, некаде околу 7 се потврдени, донесени се одлуки кај компаниите. Она што е карактеристично, поголем дел од тие нови инвестиции се мултинационални компании, едната од нив е присутна во светот повеќе од 200 години, значи сериозна мултинационална компанија која планира да инвестира некаде околу 50 милиони евра и да вработи повеќе од 200 лица, само во прва фаза. Ќе се гради нова фабрика и ќе биде во технолошко индустриско развојна зона во Скопје, со Законот за ТИРЗ, тие мора да бидат високо технолошко производство кое ќе произведува одредени компоненти за една индустрија. Тука морам да бидам вниимателен, бидејќи со сите нив имаме склучено договори за доверливост и затоа ќе бидам внимателен во деталите, а во периодов што следи ќе има официјална презентација на секоја инвестиција кога ќе ги склучиме договорите, сега сме во постапка на одобрување на тие договори согласно позитивен законски пропис во државата и кога ќе ги склучуваме ќе ги презентираме сите детали на инвестициите“, рече Димовски и додаде:

    „Другата компанија доаѓа од Европа која постои од 1850 година, производство во одредени системи, значи нема да биде компонента ќе биде систем. Првата фаза согласно бизнис планот ќе инвестира околу 30 милиони евра, ќе биде лоцирана во технолошко индустриско развојна зона во Скопје. Прва фаза копманијата вработува повеќе од 150 лица. Другата компанија е доста популарна во светот и ќе инвестира околу 70 милиони евра и да вработува околу 400 лица и како втората компанија, ќе произведува одредени системи, нема да произведува само компоненти како што беше примерот со првата компанија. Ќе има нови производствени погони, ќе креираат поголем извоз кој е важен за нашата економија, високо платени работни места“.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Следната недела нов ИПАРД повик – поддршката може да покрие и повеќе од половина од вкупната инвестиција

    26.11.2026 во 17:47

    Цветков до Дурмиши: Дали две минимални плати се доволни за четиричлено семејство да го преживее месецот?

    26.11.2026 во 17:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.