Author: Author 04

Ноќеска во 02:50 часот на ул.„Прилепски Бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.С.(21) од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С. и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека има 2,79 промили алкохол во крвта.

Повеќе

Вчера во 09:34 часот на ул. „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Џ.С.(29) од Крива Паланка. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода, во која Џ.С. учествувал со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, било констатирано дека Џ.С. е под дејство на алкохол, односно дека има 2,06 промили алкохол во крвта.

Повеќе

Уставната судијка Добрила Кацарска која е позната по тоа дека преку ноќ благодарејќи на СДС стана Уставен судија, поради нејзините пресуди за 27 април, бара да се укине зголемувањето од 7000 денари на пензиите, додека истовремено бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари; рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Додека поединци судии и обвинители кои немаат ниту кредибилитет ниту легитимитет, блиски до структурите на СДС јавно бараат енормни зголемувања на платите, Кацарска по насока од СДС бара намалување на линеарното зголемување на пензиите, вели Манасиевски. „СДС кои ја крахираа економијата и го контаминираа…

Повеќе

Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави утрински извештај (заклучно со 8 часот) за состојбата со обилните врнежи, пријавувајќи поплавени домови, земјоделски површини и одрони на патиштата во повеќе општини.

Повеќе

Настапот на познатиот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас синоќа во Кавадарци бил ненадејно прекинат околу полноќ, откако полицијата влегла во локалот и го привела пејачот. Според сведоштвата на присутните, објавени од повеќе веб-портали, атмосферата била одлична сè до моментот кога Лукас прекинал среде песна. „Не сфативме веднаш што се случува, потоа видовме дека дојдоа полициски службеници“, раскажале гости за „Викимедиа“. Публиката околу половина час чекала пејачот да се врати на сцената, но од организаторите било соопштено дека Лукас е однесен во полициска станица. На социјалните мрежи веќе кружат видеа на кои се гледа како пејачот го напушта локалот во придружба…

Повеќе

Вчера во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 23-годишна битолчанка и патничко возило „фолксваген поло“ со грчки регистарски ознаки, управувано од 30-годишник од Република Грција, соопштија од полицијата.  Со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната битолчанка, констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, истакнувајќи дека овој датум е еден од најважните моменти во историјата на албанскиот народ. Гаши нагласи дека со унифицираната азбука биле поставени основите кои му дале на албанскиот јазик „сила на единство и идентитет“. Претседателот на Собранието ја истакна улогата на албанскиот јазик во државата: „Како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, каде Албанците се државотворен народ и каде јазикот претставува уставно загарантирана вредност, албанскиот јазик го сметам за незаменлив елемент на нашата општествена кохезија.“ Тој порача дека неговата заложба останува јасна: албанскиот…

Повеќе

Вчера околу 20:00 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.В.(44) од Скопје. При преглед кај лицето пронајдена е поголема количина марихуана и други видови на наркотични средства. Д.В. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе

Од 17 до 23 ноември е европска недела на Операции на Камиони и автобуси на сообраќајните полиции ширум Европа. Како членка на асоцијацијата на европски сообраќајни полиции Roadpol, македонската сообраќајна полиција врши интензивни проверки на тешките товарни возила и автобуси со цел обезбедување побезбедни патишта за сите. Фокусот на акцијата и проверките е на: Техничката состојба на возилата Консумирањето на алкохол и наркотици Проверка на документацијата и дозволите Тешките возила имаат голема улога во секојдневниот живот – но кога безбедносните правила се игрорираат, последиците можат да бидат катастрофални. Целта на проверките не е казнување, туку превенција. Секоја проверка е чекор…

Повеќе

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на дводневниот „Форум за слобода“. Панелот посветен на енергетиката, привлече значително внимание поради нејзиниот директен и аргументиран пристап кон енергетската политика – тема која денес е клучна за секоја модерна држава Во своето обраќање, министерката Божиновска потенцираше дека од формирањето на Министерството во 2024 година, енергетскиот сектор минува низ најдинамичниот реформски период досега. ,,Овој сектор не смее да прави драматични, брзи и опасни скокови. Правиме стабилни, и пресметани чекори – затоа што енергетиката е место каде или имаш контрола, план и ред или не си фактор.“

Повеќе