Author: Author 04

Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 21.11.2025 во период од 00:30 до 07:15 часот од сендвичара на подрачјето на  Бит Пазар во Скопје, со употреба на физичка сила и алат, биле одземени пари од касата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле В.Д.(35) и С.Д.(33), двајцата од Штип, постапувајќи по претходна пријава од Ѓ.М.(29) од Штип, дека била физички нападната од В.Д., а потоа В.Д. и С.Д. физички се пресметале, при што употребиле разни предмети и оштетиле дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.А.(19) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 01.11.2025 на ул.,,Гоце Делчев‘‘ во Пробиштип, пријавениот физички нападнал малолетничка од Пробиштип. 

Повеќе

Вчера во Полициска станица Центар во Скопје, од Јавната установа за згрижување деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Н.С.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Повеќе

Вчера во 07:50 часот во СВР Скопје, од Клиниката за нефрологија при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека на 20.11.2025 во 00:16 часот, кај нив за укажување на лекарска помош е донесен Л.Ш.(41), мигрант, кој на 21.11.2025 во 06:48 часот починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Повеќе

Состојбата со водостоите на реките на територијата на Република Северна Македонија до 13 часот денеска е стабилна, информира Центарот за управување со кризи информира според известувањата од сите регионални центри. Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, а нивото на реката Пчиња е во опаѓање. Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема поплавени куќи, иако водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен, но под контрола. Во Охрид се регистрирани поплавени подруми и дворови во помал обем, но по престанокот на врнежите состојбата се смирува. Екипите работат на расчистување на каналите и коритата. Во Битола и Ресен…

Повеќе

Вчера во 11:20 часот во СВР Скопје, С.Н.(28) од Скопје, пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиното паркирано патничко возило „пежо“ било оштетено од заталкан куршум од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

– Утрово во во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од Регионален центар за гранични работи Југ, заедно со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи, било констатирано дека во угостителски објект во Кавадарци А.В. настапувал без потребната дозвола, соопштија од СВР Велес. Против А.В била поднесена прекршочна пријава по член 217 став 1 точка 2 од…

Повеќе

Сопственик на фирма од кавадаречко бил измамен преку хакирана електронска пошта со што бил оштетен за 80 илјади денари, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Вчера во 09:00 часот, во ОВР Кавадарци, 51-годишен жител од село во кавадаречко, сопственик на правно лице од Кавадарци, пријавил дека бил измамен за сума од 80.000 денари. Според пријавеното, преку европска платформа за транспорт, преку која договарале за да транспортираат стока, преку хакиран е-мајл добиле информација стоката која ја товариле во Германија, да ја истоварат на друга локација, различна од претходно договореното, каде и ја предале, односно не стигнала кај…

Повеќе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на денешната трибина на тема „Локални и глобални предизвици од младинско значење“, организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и младината на Меѓународната Демократска Унија (IYDU) во хотел Хилтон каде истакна дека младите се сржта на партиите и иднината, и даде силна поддршка за младите. „Некои од пораките што ги слушнав денес од оваа дебата се нешто што е многу, многу важно, и нешто што претставува срж на нашите партиски политики. А која е сржта на нашите партиски политики? Младите, младинските организации. Ако постои партија без млади, тогаш тоа е партија без…

Повеќе