- Една земја воведува ригорозен закон: Се забрануваат социјалните мрежи за млади под 16 години
- Воена ескалација: Иран нападна 18 американски воени цели и го блокираше Ормутскиот теснец
- Летаа казни во Сарај и Ѓорче – Засилена сообраќајна контрола
- СДСМ: Мицкоски и бандата не градат за Македонија, туку за странски интереси
- Помалку одобренија и пониска вредност на градежни проекти во април
- Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени
- ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава
- Портокалов метео-аларм во Србија: Се очекуваат силни бури со град
Author: Author 04
Скандалот со приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас и одговорите на градоначалникот Митко Јанчев потврдуваат дека на концертот имало преку 700 луѓе во локал кој по закон не смеело да има ниту 200. Ова значи дека и полицијата на Тошковски и општината на Јанчев знаеле за концертот, знаеле дека нема безбедносни услови тој да се одржи и ништо не презеле, дозволиле истиот да се случи, а дури во текот на настанот да биде прекинат, се вели во соопштението од СДСМ. „МВР, Тошковски и Јанчев мора да ги одоговорат: Зошто воопшто е дозволено настанот да започне и да влезат 700 луѓе…
Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Џ.(21), И.Т.(31), С.П.(26), Е.Н.(31), И.Г.(25), А.П.(26) сите од Скопје и И.М.(35) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, таблети и нож. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Денеска во 08:15 часот во с.Русиново, беровско, полициски службеници го лишија од слобода Ј.К.(25) од с.Русиново, постапувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во селото, по претходна расправија, со употреба на стаклен предмет нападнал малолетник од Македонска Каменица, при што му нанел тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 20:51 часот и 21:17 часот на линијата за итни повици 112 се добиени телефонски пријави за наводно поставени експлозивни направи во објектите на Спортската сала „Јане Сандански“ и хотелот до неа. Веднаш се преземени неопходните мерки и активности од страна на полициските службеници, извршени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Со соочување на 35 обвинети со родителите на 63-те загинати и над 200-те повредени, оваа недела започна судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Обвинението, кое има 42 страници, веќе открива детали за околностите на трагедијата. Според објава на бугарската bTV, во обвинението е наведено дека пиротехничките фонтани што го предизвикале пожарот биле купени од Бугарија.
Настапот на познатиот српски пејач Аца Лукас во Кавадарци во петокот беше ненадејно прекинат околу полноќ, по интервенција на полицијата. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за Сител изјави дека интервенцијата била неопходна поради сериозни безбедносни прекршувања и пренатрупаност на локалот. Јанчев посочи дека кафетеријата има капацитет за околу 200 гости, додека внатре биле присутни повеќе од 700 лица, што значи тројно надминување на дозволениот број. „Општината нема да дозволи да се повтори нешто како трагедијата што ја видовме пред неколку месеци во Кочани. Нема да дозволиме пренатрупани локали без основни безбедносни мерки“, нагласи Јанчев. Градоначалникот објасни дека организаторите претходно побарале…
Планот е да има две пруги на релација Север-Југ. Сегашната пруга ќе се користи и ќе се исправат кривини на места каде е возможно за да се забрза сообраќајот, а втората ќе се гради колку што е можно поблизу до сегашната за што веќе се работи на испитување, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски во неделното интервју за Радио Слободна Европа. “ Нашиот план има две компоненти. Првата е да ја задржиме постоечката пруга но мораме да ја исправиме каде што има големи кривини. Големи брзини од преку 120 км и преку 160 км на час не може…
Митева: Владата додели 33.682 ваучери за електронски уреди, мерката за студенти се реализира одлично
Портпаролка на Владата, Марија Митева, денеска на својата прва прес-конференција информираше за успешната реализација на мерката за доделување ваучери за електронски уреди за студентите. Според последните податоци, заклучно со вчерашниот ден: „Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати“, истакна Митева. Успешната реализација, според портпаролката, е резултат на прецизно и навремено планирање и силна координација меѓу Генералниот секретаријат на Владата, Министерството за дигитална трансформација и Министерството за образование и наука. Ова овозможило брза организација, јасни критериуми и технички усогласен систем за доделување на ваучерите. Митева нагласи дека Владата ќе продолжи да ја следи…
Сметаме дека ова е само уште еден измислен изговор да не продолжат реформите и да не продолжи европскиот пат на земјата, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање за ставовите на власта дека ќе бара нов протокол. „Граѓаните чекаат владата да направи исчекор кон европскиот пат на земјата и да испорача реформи. Граѓаните се веќе уморни од нови празни зборови. Велеа дека можат да обезбедат подобар договор со Бугарија, дека можат да обезбедат нова преговарачка рамка, дека се во периметарот. Ништо од тоа не се случи. Сметаме дека ова е само уште еден измислен изговор да не продолжат…
Добрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на пензионерите, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ . Судијката Кацарска која досуди 200 години за 27 април и како за награда од СДС, преку ноќ стана уставен судија, го загуби својот кредибилитет пред народот. Наместо да ја врати довербата и да покаже независност, таа продолжи и натаму да одработува за СДС и по нивна насока поднесе предмет до Уставниот суд за укинување на 7000 денари за пензионерите, вели Манасиевски. „Граѓаните веќе јасно можат да ја увидат дволичноста…
