- Една земја воведува ригорозен закон: Се забрануваат социјалните мрежи за млади под 16 години
- Воена ескалација: Иран нападна 18 американски воени цели и го блокираше Ормутскиот теснец
- Летаа казни во Сарај и Ѓорче – Засилена сообраќајна контрола
- СДСМ: Мицкоски и бандата не градат за Македонија, туку за странски интереси
- Помалку одобренија и пониска вредност на градежни проекти во април
- Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени
- ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава
- Портокалов метео-аларм во Србија: Се очекуваат силни бури со град
Author: Author 04
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 претходната недела поскапеа за 1 денар по литар. Цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 0,5 денари по литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остана непроменета. Мазутот М-1 НС, пак, поевтини за 0,806 денари по килограм и се продава по 35,621 денари за килограм.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на ресурсен центар во организација на Министерството за локална самоуправа. Настанот ќе се одржи во хотел Александар Палас каде што премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година на 20 најдобри студенти коишто своето образование ќе го продолжат на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, со седиште во Солун, Грција. Стипендиите се резултат на заедничката активност и соработка на Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски“ и Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени. Од вторник до сабота, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат…
Вчера во 21:40 часот во СВР Скопје, А.А.(43) од Скопје пријави дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот во основно училиште во нас. Драчево, Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.Од утре температурите значително ќе опаднат.Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.
Вчера во 13:00 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, при што и го одзел мобилниот телефон. Исто така, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје пријави дека околу 13:00 часот бил физички нападнат од неговата сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Последните денови од ноември носат одлична астролошка можност за петте хороскопски знаци да ја променат својата финансиска состојба. Бик За Бикот, ноември е месец во кој нивните финансиски вредности се консолидираат и добиваат ново значење. Според астролошките анализи, Бикот ќе ужива во „стабилни добивки и појасен увид во сопствената вредност во овој период“. Марс во Вага и аспектите со други планети ги охрабруваат да ги преиспитаат финансиските стратегии и да преземат попроактивен пристап кон приходите. Искористете го овој период за да преговарате за приходи или проекти. Следете ги трошоците и размислете за инвестиции што ви носат долгорочна сигурност. Верувајте во…
СДС по 4 дена молк се јави со прес-конференција за тема која Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно се справи, а истата беше поздравена и од ЕУ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кузеска. „Дека СДС воопшто не знае каде тера, доказ е оваа денешна прес-конференција на СДС. Во време кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, нема афери, нема скандали, нема местени тендери, затоа е и молкот од СДС. Да се потсетиме на времето кога СДС владееше, јавноста и медиумите требаше да бидат гласни со денови и недели за да се реагира по одреден случај, па дури и тогаш обвинителството и судството…
Железничката станица Скопје ќе добие изглед на модерна железничка станица, архитектонско решение на спој на стариот изглед од Кензо Танге со додадени нови модерни елементи, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Според директорот Ивановски, проектот се работи во соработка со Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет, а во моментов се работи на отстранување на рекламните паноа. “ Инфраструктура Железница заедно со Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет започнавме со проект за поектирање за целосна реконструкција на железничката станица Скопје и внатрешно и надворешно. Ќе се реконструира комплетно со нова електрика, комунална инфраструктура, машински…
