Author: Author 04

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен правец.

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во Скопје го промовираше Ресурсниот центар за поддршка на општините, кој ќе обезбеди стратешка поддршка, експертиза и инструменти за подобра имплементација на децентрализацијата и рамномерниот регионален развој. Според премиерот, Центарот е одговор на реалните предизвици со кои се соочува локалната самоуправа во управувањето со ресурсите и создавањето локален економски развој. „Зајакнувањето на општините не е трошок, тоа е инвестиција. Инвестиција во подобар живот, во одржлив развој, во стабилност на локалните заедници и во функционална држава што знае каде оди и што гради“, истакна Мицкоски. Премиерот нагласи дека силните и стручни локални власти се најблиску…

Повеќе

Ве известуваме дека Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, денес поднесовме Иницијатива за формирање Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Република Македонија, рече Бојан Стојаноски, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.„Анкетната комисија ќе има за цел утврдување на одговорност на функционери,носители на јавни функции и други поврзани лица, како и да ги утврдиоколностите за постапувањето на институциите за следните трагедии/несреќи: Стојаноски истакна дека секоја пратеничка група има право да предложи листа од сведоци и експерти.„Секој сведок или експерт поканет да даде изјава пред Анкетната комисија има…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.Т.(54) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, вработен како чувар на шуми и задолжен од подружницата да врши прием на дрвни сортименти од приватни шуми и издавање на испратници за превоз, во повеќе наврати без претходно да ја утврди фактичката состојба од каде потекнува посечената дрвна маса издал службена документација -приемница за сеча, приемница за дотур и испратница за превоз за нето дрвна маса во вкупна количина од 38,43 метри кубни, иако свесно знаел дека дрвната маса…

Повеќе

Вчера околу 13:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес кај осуденикот М.К.(38),  кој се вратил од викенд отсуство, пронајдени се и одземени марихуана и таблети. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријави дека на 04.10.2025 во Скопје, малолетник  извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55% во однос на одлуката од 17.11.2025 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,756 ден/кг и сега ќе изнесува 34,865 ден/кг.Од 25.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени…

Повеќе

Дел од правосудните органи, односно судии и обвинители, кои се инкриминирани и инфилтрирани од поранешната власт на СДС и ДУИ, се погласни во своите барања за зголемени плати, а правдата никако да ја донесат, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.Со само 2% доверба, една од најлошите статистики во светот, дел од судиите и обвинителите бараат да стигнат и до 360.000 денари плата, а за возврат наместо правда, тие стануваат активни чинители на неправдата, вели Манасиевски.„Со кое лице овие правосудни органи, бараат зголемување на платите, дури поголемо и на оние најразвиени држави, кога за украдени 150 ќебапи…

Повеќе

Во буџетот за 2026 година, Владата на ДПМНЕ ги намалува парите за студентскиот стандард за огромни 7,3 милиони евра, изјави денеска за медиумите Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ! Ова значи помалку пари за стипендии, помалку пари за студентски оброци, за студентските домови. Уште поголем удар врз секој млад човек кој се обидува да се образува и развива во својата земја, рече Кузмановска. „Во најголемиот буџет во историјата власта нема пари за студентите!  Наместо да вложуваат во младите, Владата на Мицкоски им ги крати парите, им ги одзема можностите.  Како намерно да сака да ги избрка од државата. Не може да има пари за…

Повеќе