- Алиу: Македонија пристапува кон „EU4Health“, се отвора европска здравствена врата за нашите институции
- Општина Центар исплати над 1,3 милиони денари за новороденчиња од почетокот на годинава
- Цветановска: Нудиме неповратни грантови за сушари и загарантиран приход за сточарите
- Мицкоски најави големи промени: 30 отсто нови луѓе во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ
- Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Дебрца, ја оштетил општината за над 430 илјади денари
- Драма во Скопје: Со мотор намерно удрил во полицаец, па бегал со марихуана и над 100 таблети
- УХМР со најнова прогноза – во најава стабилизација на времето, познато и од кога
- Панова: Оперативниот план за вработување тежи скоро 40 милиони евра, над 10.000 лица ќе бидат опфатени
Author: Author 04
„Првата фаза е да го стабилизираме примарното здравство. Моментално на терциерно ниво имаме 70 отсто пациенти кои гравитираат кон Скопје, поконкретно во кампусот „Мајка Тереза“ заради примарно и секундарно здравство” – истакна министерот Алиу во „Топ Тема“ на Телма. Тој појасни дека се работи на регионализација, посебно во делот на онколошките услови, на амбулантско ниво. Градската болница е при крај, административната процедура е завршена за да може онколошките здравствени сервиси да ги нудат таму на амбулантско ниво. -Во КБ Битола исто така функционира, се прават подготовки и во КБ Тетово – прво сме многу внимателни, мора да се дефинира и…
Денеска (25.11.2025) во 08:50 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.Р.(38) од Делчево. При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево е сопрено патничко возило „поло“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Р. и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,09 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Судиите и обвинители како Наќе Ѓорѓиев и Иџет Мемети кои земаат мито и влијаат врз судски пресуди, бараат плати и до 6.000 евра со само 2% доверба, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.Македонската јавност заслужува да знае кој се овие поединци од судската и обвинителската фела, кои се имплицирани во вакви судски пресуди со своите влијанија, а од друга страна со 2% доверба сакаат зголемување на платите, вели Манасиевски.Манасиевски посочи дека група на поединци како Наќе Ѓорѓиев и Иџет Мемети, тогашни високи функционери во правосудството, беа фатени како земаат мито за да влијаат врз пресуда во вредност од 10.000…
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во третиот квартал од 2025 година достигна рекордни 384.166.062,00 денари. Ова претставува зголемување за повеќе од два и пол пати во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 147.703.963,00 денари денари. Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, кога беа наплатени 260.327.223,00 денари, во споредба со 110.576.324 денари во првиот квартал од 2024 година и вториот квартал од 2025 година наплатени беа 286,355,517.00 денари, а истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 133 576…
Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска беше прекинато со пауза од половина час, откако одбраната на дел од обвинетите реагираше дека не го добила интегрираниот текст на обвинението. Адвокатите истакнаа дека не е можно обвинетите да се произнесат за вина и да дадат воведни зборови за текст што воопшто не им е доставен. „Најголемиот дел вооопшто го немаат добиено интегрираниот текст на обвинението, а ќе се очекува да се дадат воведни зборови. Затоа предлагам судот да го расчисти ова прашање“, изјави еден од адвокатите. Одбраната, исто така, реагираше дека доказната документација е целосно несредена и хаотична.…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги додели решенијата за самовработување, потенцирајќи дека мерката е една од најатрактивните и најуспешните програми во државата. Тој истакна дека државата ја менува филозофијата од обезбедување социјална поддршка во создавање можности. „Стигнаа вкупно нешто повеќе од 6.000 апликации, што е силен индикатор дека граѓаните имаат желба, знаење и самодоверба да изградат сопствен бизнис“, рече Мицкоски. За годинашниот Оперативен план се издвоени 40 милиони евра (над 2,5 милијарди денари), што е за 7,5 милиони евра повеќе од лани и претставува рекорден износ. Со овие средства се очекува да бидат опфатени 16.507 лица. Зголемени грантови: Поради огромниот интерес,…
Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон, изјави за медиумите Елена Радеска од комисијата за здравство на СДСМ. Породилниот надомест доцни по 20 дена, а има мајки кои чекаат и повеќе од 30 дена. И замислете, Фондот ова го признава и вели дека тоа било во ред. Понижувачки и нечовечки е да се дозволи мајките да се јавуваат и да молат за исплати и да немаат пари за пелени и млеко, рече Радеска. „Нема ништо нормално во тоа семејства што живеат само од породилното да останат без денар затоа што ДПМНЕ не…
Вчера во 23:10 часот во СВР Куманово 18-годишна девојка пријави дека на улицата „Браќа Миладинови“ во Куманово била допирана по телото од страна на машко лице, информираат од Секторот за внатрешни работи. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска изнесува 693.39 метри надморска височина, што е за десет сантиметри над просекот за месец ноември. Ова нормализирање на водостојот е директна последица на обилните врнежи што го зафатија регионот изминатите денови. Пред само десет дена, нивото на езерото беше десет сантиметри под месечниот просек. Во однос на температурата, водата денеска изнесува 13, што е речиси идентично со просечната ноемвриска температура од 12,9 C.
Со силни емоции и остри критики кон системот, Јулија Златкова, мајка на трагично загинатиот Томас Златков, денеска пред почетокот на второто рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ побара правда за 63-те млади жртви. „Мора да има правда за нашите убиени деца. Никогаш не треба да ги заборавиме овие деца, ако сакаме да имаме држава“, порача Златкова. Таа јавно праша кој му дозволил на сопственикот на локалот да го „задуши и убие“ нејзиниот син, посочувајќи со прст кон целата институционална мрежа. „Кој му помогна во тоа злосторство? Синот, братот, обезбедувањето, полицајците, градоначалниците, инспекторите од сите институции, министрите… Ова не е убиство,…
