Author: Author 04

Под влијание на циклонска активност, од утре (среда) до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, информира УХМР. Најголеми врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток, при што се најавуваат количини над 25 литри на метар квадратен за 24 часа. Поради спуштање на постудена воздушна маса во четврток дневните температури ќе опаднат за 4 до 6 степени. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Стабилизирање на времето се очекува од недела.

Повеќе

По неколкумесечен застој, повторно се работи на една од најстратегиските сообраќајни точки во Скопје, место каде што се спојуваат неколку клучни градски правци, информира денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Во тек е изградбата на атмосферска канализација Ф1200 на булевар „Никола Карев“ во должина од 550 метри, од мостот на Серава до булевар „Словенија“. Паралелно, се гради и новиот мост на Серава на истиот булевар, кој ќе премостува три ленти во еден правец и четири во друг, со вкупна ширина од 44 метри. Се подготвува и натпатникот на булевар „8 Септември“, долг 43,5 метри, кој ќе го премости булевар „Никола Карев“…

Повеќе

Владата на денешната седница го усвои ревидираниот Акционен план на Стратегијата за транспарентност (2023-2026), со што се ажурираат роковите и институциите одговорни за спроведување на активностите. Заменик-претседателот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, изјави дека со оваа одлука се обезбедува „Стратегијата за транспарентност да се спроведува со забрзан ритам и со целосна одговорност“. „Транспарентноста е и останува приоритет на оваа Влада“, порача Фетаи. Работната група интензивно работела од септември на ажурирање на планот со цел институциите да обезбедат уште потранспарентен пристап кон граѓаните.

Повеќе

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од денеска е отворена можноста за дополнително пријавување на студенти за сместување во студентските домови, по завршувањето на првиот конкурс. Слободни места има во следните домови: Сите заинтересирани студенти може да аплицираат најдоцна до крајот на тековниот месец. Критериумите и условите за аплицирање остануваат исти како и при првото пријавување.

Повеќе

Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје, Р.П. од Скопје пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзиниот 13-годишен син бил физички нападнат од друг малолетник, кој употребил тврд предмет, информираат од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

По речиси четири години од почетокот на руската офанзива, американски функционер изјави за CBS News дека украинската влада „се согласила за мировен договор“ посредуван од администрацијата на претседателот Трамп. Украинскиот советник за национална безбедност, Рустем Умеров, ја потврди веста на социјалните мрежи, објавувајќи дека делегациите на САД и Украина постигнале „заеднички договор за основните услови на договорот“. „Украинците се согласија за мировен договор. Постојат некои ситни детали што треба да се разработат, но тие се согласија за мировен договор“, изјави американскиот функционер за CBS News. Умеров ги пофали „постојаните напори на претседателот Трамп за прекин на војната“ и изрази оптимизам…

Повеќе

Вчера во 23:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 22:10 часот настанал пожар во менза од објект на фирма во с.Визбегово, скопско. Пожарот бил изгаснат од сопственикот Ж.В.(44) од Скопје, кој поради вдишување чад се упатил во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Повеќе

Владата на денешната 131 седница постапи по известувањето на ДИК за завршување на локалните избори 2025 година за избор за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје. Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници на општините да излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список за соодветна општина не е исполнет во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Во однос на истото, согласно член 134 став 2 од Изборниот законик Владата за…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет лица поради основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничените ја злоупотребиле својата службена должност со неизвршување на својата службена положба и иако биле должни да ја известат Владата на РСМ за фактичката состојба во Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро берза“ Скопје, односно дека е настанат неоснован кусок на меркантилна пченица и јачмен (период од 2019-2021 година), истите доставиле неточни податоци и информации. Со ова дејствие лицата…

Повеќе

Вчера во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе