Author: Author 04

Најмалку 36 лица загинаа, а 279 се водат како исчезнати по големиот пожар што избувна во станбениот комплекс Ванг Фук Корт во приградскиот округ Таи По во Хонг Конг, изјави на прес-конференција главниот извршен директор Џон Ли. Министерката за домување Вини Хо изјави дека Работната група за домување идентификувала вкупно 1.400 станбени единици кои се веднаш достапни за евакуираните низ Хонг Конг, вклучувајќи ги Каулун, островот Хонг Конг и Новите територии. Околу 280 единици се во самиот Таи По, додека 40 евакуирани веќе се преместени во проект за привремено домување во Шан Ли. Владата и надлежните органи тесно соработуваат за…

Повеќе

Познатиот пејач од Тетово, Шпат Касапи, почина денес, откако ненадејно доживеал срцев удар. Според весникот КОХА, тој не преживеал и не страдал од други претходни болести. Според информациите што ги даде Pa Censurë, трагедијата се случила за време на негов престој во Италија. Веста предизвика голем шок во албанската јавност и меѓу уметничката заедница, која го памети Касапи по неговата долга музичка кариера и бројните хитови. Шпат Касапи беше омилен кај многу генерации, оставајќи зад себе препознатлив музички печат.

Повеќе

Изборот на датум за украсување на новогодишната елка честопати е прашање на лично чувство и семејни обичаи, но експертите за езотеризам нудат прецизни датуми за оние кои сакаат да привлечат среќа и просперитет во текот на наредната година. Овие посебни денови го носат празничниот дух и имаат силно симболично значење: Експертите нагласуваат дека елката не е само декорација, туку и начин да се канализираат желбите за подобра година.

Повеќе

Победничката на „Задруга 1“, медиумската личност Кристина Кија Коцкар, откри дека мора да се оперира. Утрово ја посети болницата каде што ѝ беа направени бројни тестови, а сега проговори и ги објави резултатите. Во својата изјава, таа се осврна и на својата поранешна пријателка, пејачката Катарина Живковиќ. Тукушто добив е-пошта со резултатите од сите триесетина тестови од утрово. Фала му на Бога, сè е во ред и можеме да закажеме операција. Секако, не бев рамнодушна кон фактот дека морав да молчам за некои приватни работи, додека јавно бев нападната како жена, од жена, додека лаги измислуваа од беспомошност – рече…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(29) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „насилство“. На 19.02.2025, пријавениот оштетил кров на куќа, а потоа во нејзиниот двор физички ја нападнал Т.Д., при што употребил стаклен предмет.

Повеќе

СВР Штип поднесе кривична пријава против М. Е. (43) од Штип  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „предизвикување на општа опасност“. На 24.09.2025 година во село Љуботен, штипско, пријавениот запалил оган во дворот на семејната куќа и си заминал без да го локализира местото, по што подоцна огнот повторно се запалил и зафатил две соби од подрумски дел од куќата на пријавениот,  како и делови од две соседни куќи,  гаража и околу пет хектари со нискостеблести растенија, шума и сува трева.

Повеќе

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва (маркети) и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) учествувале во забранет договор или усогласено однесување. Како што информира КЗК, на состанок одржан на 5 февруари 2025 година, учесниците постигнале усогласен став за неприфаќање нови или зголемени ценовници од добавувачите. Ова претставува замена на независното пазарно однесување со практична координација.Изречени се прекршочни глоби во износ од 50.000 евра за секое од трговските друштва, односно маркети, додека на Сојузот на стопански комори на Македонија е изречена глоба во износ од 18.500 евра.

Повеќе

Вчера во 20:30 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 18:30 часот во установата тројца осуденици физички го нападнале осуденикот И.И.(61) од с.Челопек, тетовско, а при тоа употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во образложението на амандманот за зголемување на буџетот за инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, пред собраниската комисија за финансирање и буџет, истакна дека со предложениот буџет се оневозможува функционирање на инспекторатот. Во буџетот за 2026 година средствата во однос на буџетот од 2025 година се намалени на 620.000 денари, што практично го намалува функционирањето на инспекторатот, рече Костадиновска Стојчевска и побара буџетот за оваа институција да се врати на износот од 2.033.000 денари, колку што изнесуваше во буџетот за 2025 година. -Со намалениот износ не е можно да се обезбеди вработување на потребниот број…

Повеќе

Инцидент со сомнително труење на група ученици се случи во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае. Според информации на НетПрес, меѓу засегнатите деца е и помладиот син на премиерот Христијан Мицкоски. Неофицијални извори наведуваат дека ученикот бил хоспитализиран со симптоми на затруеност и покачена телесна температура. Во моментов, неговата здравствена состојба е стабилна и подобрена.

Повеќе