Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски на конференцијата „Безбедност 2030“ во Охрид: Безбедносните предизвици не се решаваат со стари методи
    •  Во недела е тежок празник и строг пост
    • Страшна несреќа во соседството: Автобус се судри со автомобил на автошкола, меѓу повредените и деца
    • Земјотрес ја погоди Црна Гора
    • Лоши вести за возачите: Нафтата драстично скокна
    • Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина
    • Од март следната година директен лет на „Flydubai“ на релација Дубаи – Скопје
    • Ѓорѓиева: Владата посветено работи на нови можности за развој на економијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Времето денеска променливо облачно, утре внимавајте на утринскиот мраз

    Времето денеска променливо облачно, утре внимавајте на утринскиот мраз

    23.04.2026 во 08:511 Min Read
    ФОТО: Пресс24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска, четврток, 23 април 2026 година, нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во источните делови од државата постојат услови за појава на слаб локален дожд.

    Дневната динамика ќе биде обележана и со умерен, а на моменти и засилен ветер кој ќе дува од северен правец. Температурите ќе се движат во интервал од 0 до 8 степени во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнат од 12 до 18 степени.

    Во главниот град ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Живата во термометрите ќе се спушти до 4, додека максималната дневна температура ќе достигне 18 степени.

    Иако од УХМР најавуваат период на стабилно и потопло време со пораст на дневните температури, сепак утринските часови ќе останат свежи. Особено внимание е потребно в петок (24 април), кога на места се очекува утринските температури да се спуштат под нулата, што создава услови за појава на мраз.

    Прочитај повеќе

    Тошковски на конференцијата „Безбедност 2030“ во Охрид: Безбедносните предизвици не се решаваат со стари методи

    24.09.2026 во 19:38

    Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина

    24.09.2026 во 18:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.