- Крвава пресметка во кумановско Романовце: 25-годишник избоден од двајца сограѓани, меѓу кои еден е малолетник
- Ужас во Куманово: Бебе од 14 месеци се затруло со средство за чистење, полицијата врши увид
- Алиу пресече: Новиот клинички центар најевтино е да се гради до болницата „8 Септември“
- Инцидент на Бит Пазар: Скопјанка физички нападнала контролор на ЈСП бидејќи немала билет
- Голем дел од Скопје утре ќе остане без струја: Проверете дали сте на списокот за исклучувања
- Мицкоски: Парламентарни избори ќе има „многу скоро“
- Алиу: Македонија пристапува кон „EU4Health“, се отвора европска здравствена врата за нашите институции
- Општина Центар исплати над 1,3 милиони денари за новороденчиња од почетокот на годинава
Author: Author 04
Вчера во 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат А.Т.(46) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
На 24.11.2025 во 04:00 часот во СВР Скопје, од Гинеколошко-акушерска болница „Чаир“ е пријавено дека околу 00:10 часот во болницата за породување била донесена 15-годишна малолетничка од Скопје. Од страна на полициски службеници извршен е службен разговор со нејзиниот 18-годишен вонбрачен партнер Р.А.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(49) од с.Орланци, скопско, удрило во 14-годишник од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“.Пријавената, во својство на директор на Национална установа „Завод и музеј“ Битола, спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи, несовесно постапила во вршењето на своите овластувања и должности на тој начин што извршила промена на Актот за систематизација на работните места, со што го укинала нејзиното работно место виш кустос и за себе отворила ново работно место кустос советник, кое што е едно ниво повисоко од претходното.
Вчера во 21:10 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот на автопатот „Пријателство“, во близина на с.Табановце, било сопрено патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од М.Ц. (30) од Албанија, во кое што биле превезувани осум лица– мигранти, седуммина од Египет и едно лице од Судан. Поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл.418-б од КЗ, М.С. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, додека мигрантите се пренесени во Транзитен центар Табановце.
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ги демантира наводите на СДСМ дека исплатата на породилниот надоместок доцни 30 дена. Ирфан Лимани, директор на Секторот за комуникации на ФЗО, објасни дека исплатата е континуиран процес кој трае во текот на целиот месец, а не се врши истовремено. Лимани истакна дека не е можно доцнење од 30 дена од страна на Фондот. „Доколку има доцнење тоа е поради доцнење на пријава или на исплата на плати кај работодавачот“, посочи Лимани. Тој појасни дека процесот е поврзан со работодавачот: УЈП доставува информации за платените придонеси до ФЗО дури откако работодавачот ќе исплати плата. Потоа,…
Вчера во 18:30 часот во с.Оризари, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода В.В.(55) од Кочани по претходна пријава дека насилно отворил влезна врата од помошна просторија-кујна од манастирот „Св.Петка“ во истото село, но не одзел ништо, информираа од полицијата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“, стои во соопштението на СВР Штип.
Општина Кисела Вода денеска изврши уривање на дивоградба во населбата „11 Октомври“. Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај. Објектот беше отстранет по донесено решение, бидејќи не поседувал соодветни технички акти и никогаш не бил евидентиран во Агенцијата за катастар, информираа од локалната самоуправа. Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска нагласи дека законите мора да важат подеднакво за сите: „Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво законски, почитувајќи ги сите закони и правила. Нема да има двојни стандарди за никого и нема да дозволиме прекршување на било каков закон.“
Министерот за култура, Зоран Љутков, денеска информираше дека тендерот за избор на изведувач за изградба на новата Универзална сала не поминал. Како причина за неуспехот, Љутков наведе жалба поднесена до Комисијата за жалби, која се однесувала на изведувачот. „Според мене, тоа не е суштински проблем, но, како и да е, има известување од Комисијата. Наредната недела ќе го повториме тендерот“, изјави Љутков. Министерот призна дека овој пропуст ќе ја одложи работата за завршување на обновата за уште два месеци. Сепак, тој се надева дека новиот изведувач ќе биде избран до средината на јануари 2026 година.
Денеска (25.11.2025) година околу 10:00 часот од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка, Отсек за потрага, на подрачје на ЕВР Гази Баба лишен од слобода е И.Ѓ.(26) од Гевгелија. Истиот се барал по издадена Централна потерница од Основен Суд Гевгелија за сторени кривични дела по чл.418-б “криумчарење мигранти” и 418-в ‘’организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти” за што е осуден на казна затвор во траење од осум години и шест месеци затвор. Лицето по приведувањето е предадено во КПУ-Затвор Идризово за понатамошна постапка.
