Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Измама во Дебар: Маж и жена преку лажна хуманитарна акција за болно дете собрале 3.200 евра

    Измама во Дебар: Маж и жена преку лажна хуманитарна акција за болно дете собрале 3.200 евра

    27.04.2026 во 13:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи во Дебар поднесе кривични пријави против две лица, кои преку измама за лекување на наводно болно дете противправно се стекнале со финански средства.

    -Кривична пријава е поднесе против Х.М.(19) од с.Селокуќи, дебарско и против И.К.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Првопријавената, поттикната од второпријавениот, во периодот од 10 до 12 март годинава довела во заблуда повеќе лица, така што лажно прикажувала факти преку социјалната мрежа, односно преку профил со кој менаџирал второпријавениот, собирала парична помош за операција, односно лекување на наводно болно дете од Дебар, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид.

    На тој начин првопријавената се стекнала со противправна имотна корист во вкупен износ од 3.200 евра и 6.000 денари.

    Ова е прв ваков случај до сега на ова подрачје.

    Дебарското одделението за внатрешни работи на 13 март информираше дека постојат лажни информации од одредени лица кои се всушност, класичен обид за измама, со цел противправно стекнување парични средства. Апелираше, граѓаните да бидат внимателни, да не се јавуваат на оставените мобилни броеви за контакт, да не се среќаваат со други лица по овој основ, да не споделуваат лични податоци и да не вршат донирање на парични средства.

    Прочитај повеќе

    Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром

    07.07.2026 во 14:01

    Велешанка го избодела вонбрачниот партнер

    07.07.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.