Author: Author 04

По период на молчење, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се огласи во врска со разговорите за прекин на војната во Украина, со резервирана порака објавена на неговата платформа Truth Social. „Не се лажете дека се постигнати значајни напредоци помеѓу Русија и Украина – барем не за сега“, предупреди Трамп. Тој, сепак, остави мала надеж: „Дали навистина може да се очекува значителен напредок во мировните разговори? Не верувајте додека не го видите тоа со свои очи, но можеби, сепак, нешто позитивно се случува. Бог да ја благослови Америка.“ Во основата на разговорите стои мировен план со 28 точки, кој првично бил…

Повеќе

Од Јавното обвинителство се огласија за трагедијата во тетовско каде полиција пронашла безживотно тело на 42-годишен жител на Тетово, кој бил пријавен како исчезнат од својата сопруга.  – Извршен е увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите поради сомненија дека смртта е резултат на кривично дело. Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување на снимки од видео надзор, како и други докази, известија од ЈО. По наредбите се постапува, додаваат оттаму.

Повеќе

Врховниот судија на иранската покраина Семнан објави дека лице осудено за силување и принуда на две жени е јавно погубено во градот Бастам. Главниот судија на покраината, Хоџатолеслам Валмуслимин Акбари, за новинската агенција Мизан изјави дека преку посебна истрага било утврдено оти обвинетиот „измамил две жени и извршил силување со сила и принуда“. Обвинетиот, исто така, користел „заплашување и закани“ за да всади страв кај жртвите од оштетување на нивниот углед. Судијата Акбари нагласи дека извршувањето на казната е направено во согласност со исламските и судските прописи, како дел од „решителна акција против злосторствата што го загрозуваат моралот и безбедноста…

Повеќе

Вчера во 21:20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Л.Б.(21) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење. „Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.

Повеќе

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во своето гостување во емисијата „За или против’’ на Алфа телевизија, говореше за актуелниот проект кој министерството за дигитална трансформација го предводи во соработка со други институции, каде нагласи дека околу 40.000 студенти го добиле својот вредносен ваучер во износ од 15.300 денари уште во првата недела од повикот, и потсети дека предвидени се 55.000 ваучери за електронски уреди за студенти, запишани на додипломски студии во учебната 2025/26 година.Андоновски истакна дека ова е еден од најважните проекти коишто како ресорно министерство во соработка со Генералниот секретаријат на владата и МОН го имаат реализирано, и…

Повеќе

Најстудено утрово е во Берово со измерени -2, додека најтопло е во Виница со 7. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ниски температури од 1 се измерени и во Струмица и Крива Паланка, додека во Скопје–Петровец, Велес, Тетово и Битола се измерени 2. Денешниот ден ќе биде променливо облачен со сончеви периоди. Во западните делови се очекува повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 16. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13.

Повеќе

Во Судот во Идризово денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На ова рочиште се очекува одбраната да се произнесе за вина и да даде воведни зборови. На минатото рочиште, обвинителот Борче Јанев во воведниот говор истакна дека се бара правда како последица на незаконитост и „одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагедијата“. „Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал кофа вода и не ја истурил“, порача…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во свечената сала на Владата ќе додели решенија за самовработување, како дел од владиниот Оперативен план за вработување. По завршување на настанот, премиерот ќе одржи и прес-конференција. Годинашниот Оперативен план претставува значајна инвестиција од над 40 милиони евра за поддршка на активното вработување, преквалификација, самовработување и претприемништвото. Со овие мерки се очекува да бидат опфатени повеќе од 16.000 невработени лица преку различни програми и обуки. Целта на Владата е поттикнување на претприемништвото, унапредување на вештините и полесна интеграција на невработените лица на пазарот на трудот.

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55% во однос на одлуката од 17.11.2025 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се промени.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,756 ден/кг и сега изнесува 34,865 ден/кг.Од 25.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени…

Повеќе