Author: Author 04

Во буџетот за 2026 година, Владата на ДПМНЕ ги намалува парите за студентскиот стандард за огромни 7,3 милиони евра, изјави денеска за медиумите Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ! Ова значи помалку пари за стипендии, помалку пари за студентски оброци, за студентските домови. Уште поголем удар врз секој млад човек кој се обидува да се образува и развива во својата земја, рече Кузмановска. „Во најголемиот буџет во историјата власта нема пари за студентите!  Наместо да вложуваат во младите, Владата на Мицкоски им ги крати парите, им ги одзема можностите.  Како намерно да сака да ги избрка од државата. Не може да има пари за…

Повеќе

Изминатите седум дена, додека во СДС беа изгаснати светлата, веројатно беа нивните  најпродуктивни денови. Тишината им одговара многу подобро од ова денешно повторување на истите несериозни конструкции, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Парадоксално е како СДС успева да се самодискредитира секогаш кога ќе се појави. Наместо да понудат барем еден нов аргумент, повторуваат шаблони кои одамна не поминуваат кај никого. Кога нема што да понудиш, единствено што останува е да измислуваш. Ако продолжат вака, нивните најдобри денови навистина ќе останат оние кога светлата во Бихаќка се исклучени“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска соопшти за зголемување на нивото на водата на неколку големи реки во земјава. Најзабележителен е порастот на реката Вардар, особено кај мерните места Јегуновце и Демир Капија. Зголемено ниво е регистрирано и кај: Иако повеќето реки бележат позитивен тренд, Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани покажуваат намалување на нивото под просекот за месец ноември. Во однос на природните езера, нивото на Дојранското, Преспанското и Охридското Езеро е стабилно и во рамките на просечните вредности за овој период од годината.

Повеќе

Пред нас е уште еден скандал кој покажува дека и после Кочани имаме целосно нефункционален систем, неспособност и потфрлање на институциите, пред се на полицијата на Тошковски, велат од СДСМ. „Во локал со дозволен максимум од 200 лица, имало над 700 луѓе или три и пол пати над дозволеното и спротивно на безбедносните протоколи. Опасност која можела да заврши трагично. И полицијата на Тошковски и општината на Јанчев знаеле за настанот кој бил пријавен и не презеле навреме мерки. Дозволиле настанот да започне, да се наполни до опасност, а дури потоа, среде ноќ, во 00:10 часот, да биде прекинат. Наместо…

Повеќе

„Забележав дека во соопштението јасно стои дека имаат забелешки на процесот, начинот на судењето, нарушување на човековите права и отвораат предмет да го разгледаат тој процес. Ќе ве потсетам дека за вакви случаи ние подолго време зборуваме. Тоа се овие судии на кои им е мала платата, сакаат двојно, тројно поголема. Партиски октроирани и заробени од страна на претходната влада“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски рече дека судијата што го водеше судскиот случај „Тенк“, денеска ги удира пензионерите за линеарното зголемување на пензиите. „Видете кој го водеше овој случај…

Повеќе

Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12 – годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот. До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој  го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник. Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор. По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.  

Повеќе

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка здравствена состојба било донесено бебе родено 2024 година, кое и покрај пружената медицинска помош и направената реанимација, починало. Медицинските лица констатирале смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Повеќе

Полицијата вчеравечер и попладнето регистрираше и санкционираше два случаи на возење под дејство на алкохол во Неготино и во демирхисарско, при што возачите веднаш се лишени од слобода.На 23.11.2025 во 20:30 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Љ.Д.(58) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд “ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта. На 23.11.2025 во 16:49 часот во демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар го лишија од слобода М.П.(61)…

Повеќе

Вчера во 23:00 часот во с.Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода Н.В.(20) од с.Ратавица. Претходно, околу 21:30 часот на излезот од с.Ратавица, тој со патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во заштитан ограда на патот и излетал од коловозот, по што го напуштил местото. По преземени мерки тој е пронајден и по извршено алкотестирање констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.

Повеќе

Овие три знаци влегуваат во декември со јасна предност. Тие гледаат побрзо темпо, повеќе можности и чувство дека работите конечно се вртат во насоката што ја чекале. Сè што подготвувале за годината сега се остварува, и тоа многу видливо. Лав За Лавовите, декември носи напредок што нема никаква врска со драма или докажување на себеси. Ова е враќање кон личната јасност, таа чиста енергија што е растегната во сите правци во последните месеци. Во текот на годината, можеби сте ја потрошиле вашата сила на очекувањата на другите луѓе или сте се обиделе да оправдате работи што воопшто не биле ваши.…

Повеќе