Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Страшна несреќа на „Копакабана“: Техничар загина додека ја подготвуваше сцената за Шакира

    Страшна несреќа на „Копакабана“: Техничар загина додека ја подготвуваше сцената за Шакира

    27.04.2026 во 11:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Подготовките за претстојниот бесплатен концерт на светската музичка ѕвезда Шакира, закажан за 2 мај, беа прекинати од трагична несреќа на плажата Копакабана. При монтажата на импозантната сцена, на која екипите работеа повеќе од две недели, еден техничар го загуби животот.

    Според информациите од локалните власти и противпожарната служба, несреќата се случила кога системот за подигнување на конструкцијата откажал, при што нозете на работникот биле приклештени и тешко повредени. И покрај итната интервенција и транспортот до болница, мажот им подлегна на повредите.

    „За жал, техничарот почина во болницата“, потврдија кратко од компанијата која е организатор на настанот.

    Настанот го отвори прашањето за безбедноста, особено по инцидентот од 13 април, кога полицијата пронашла и отстранила експлозивна направа на крајбрежното шеталиште на Копакабана. Локалните власти потврдија дека станувало збор за шок-бомба, несмртоносна направа наменета за привремена дезориентација, но случајот предизвика зголемена претпазливост кај надлежните.

    Рио де Жанеиро се подготвува за масовен прилив на посетители. За концертот на Шакира се очекуваат стотици илјади фанови од Бразил и од странство. Градот планира безбедносни мерки на високо ниво, со оглед на тоа што периодот од март до јуни се очекува да привлече 3,5 милиони туристи. Традицијата на бесплатни концерти на Копакабана привлекува милиони луѓе, при што лани на Мадона присуствуваа 1,6 милиони, а претходно на Лејди Гага дури 2,1 милиони посетители.

    Прочитај повеќе

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.