Close Menu
Press24
    Најново

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49

    Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите

    07.07.2026 во 21:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром
    • Камбовски: Правилникот за надосместоците на судиите-поротници е стар повеке од 15 години
    • Стојаноски: Ќе прифатиме се што ќе договорат опозициските партии, ако биде прифатен нашиот став – дијаспората да може да гласа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина Никола Зисов, поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево

    Почина Никола Зисов, поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево

    27.04.2026 во 14:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за прераната смрт на нашиот другар, пријател и поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево, Никола Зисов, соопшти ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево.

    „Никола беше човек кој искрено и безрезервно и служеше на идејата, на партијата и пред сè на татковината. Со чисто срце ја сакаше Македонија и секогаш беше таму каде што беше најпотребно меѓу народот, со луѓето, за луѓето. Неговата посветеност, чесност и човечност ќе останат трајно врежани во нашите спомени.

    Беше повеќе од соработник, беше вистински пријател, другар и човек на кој секогаш можеше да се потпреш. Неговата насмевка, енергија и искреност ќе ни недостасуваат на сите.

    На само 32 години, животот прерано го одзеде од нас, оставајќи огромна празнина која тешко ќе се пополни.

    Никола, ќе ни недостигаш неизмерно. Твојот лик и дело ќе живеат вечно во нашите срца.

    Сочувство до семејството, роднините и сите кои го познаваа.

    Почивај во мир“, стои во соопштението од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево.

    Прочитај повеќе

    Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром

    07.07.2026 во 14:01

    Велешанка го избодела вонбрачниот партнер

    07.07.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.