Author: Author 04

Вкупно шест меѓународни авиокомпании вчера ги откажаа сите летови кон Венецуела, откако Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) издаде предупредување за „зголемување на воените активности“ во регионот, соопшти Синдикатот на венецуелските авиокомпании. ФАА пред два дена ги повика цивилните екипажи што летаат во венецуелскиот воздушен простор да бидат внимателни поради влошената безбедносна ситуација и зголеменото вооружено присуство на САД во Карипско Море. Авиокомпании кои ги откажаа летовите се: Тензиите меѓу двете земји ескалираа од август, кога САД наредија распоредување војска во Карипско Море како дел од операцијата против наркокартелите. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро тврди дека операцијата е насочена кон…

Повеќе

Добрила Кацарска е на функцијата уставен судија како награда од СДС за добро завршената работа во случајот за 27 април. Кацарска во јавноста е запаметена како исклучително репресивна фигура во водење на одредени судски процеси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Јавноста ја памети Кацарска по нејзината улога на џелат во водењето на судски процеси, игрите со притворите, стигматизацијата, осудите на луѓето без пресуда, и политичко водење на случаите каде Кацарска пресуди над 200 години затвор за луѓето од 27 април. Кацарска сега сака да им го одземе зголемувањето од 7000 денари на пензиите на пензионерите, додека во исто време бара…

Повеќе

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер, Љупчо Николовски, реагира на срамниот одговор на министерот Трипуновски за скандалот со суспензијата на ИПАРД средствата, кој воопшто и не содржи никакви информации ниту пак одговори. „Срамен и скандалозен „одговор“ добив од Министерството и Министерот во заминување на моите официјални барања. Барања во кои побарав јасно и конкретно: * причините за суспензијата на ИПАРД, * времетраењето на блокадата, * бројот на загрозени корисници, * последиците за земјоделците, * и планираните чекори за надминување на кризата. Наместо одговор на овие пет клучни точки, добив документ кој воопшто не одговара на ниту едно прашање. Нема факти,…

Повеќе

Следен и последен неработен ден е 8 декември(понеделник) – што е и последен продолжен викенд годинава.Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ За граѓаните припадници на бошњачката…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе му го додели Орденот „8 Септември“ на професор д-р Сашко Кедев, за неговиот исклучителен придонес во повеќе области, соопштија од Кабинетот на претседателката. Орденот се доделува за особени заслуги во медицината, не само во државата, туку и во европски и светски рамки, крунисани со членство во престижни меѓународни асоцијации. Кедев ужива посебен углед како врвен интервентен кардиолог, кој вовел иновативни техники и методи, извршил неколку илјади коронарни интервенции и над 1.600 транс-радијални каротидни стентирања. Потврден со 230 публикации со импакт-фактор на платформата „Web of Science“, H-индекс 36 и 13.650 цитати. Покрај медицинските заслуги, орденот се…

Повеќе

Денеска ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа) и проследени со грмежи и засилен југозападен ветер. Значајна промена се очекува од утре. Поради продор на постудена воздушна маса, врнежите на повисоките планини ќе преминуваат во снег. Во почетокот на следната седмица утринската температура значително ќе опадне. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат од вторник.

Повеќе

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба, 23.05.2025 година. Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар. -Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издаденото решение со наредба за нештетно уништување, стои во соопштението на АХВ. Оттаму додаваат и дека во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и нештетно уништи и…

Повеќе

Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 21.11.2025 во период од 00:30 до 07:15 часот од сендвичара на подрачјето на  Бит Пазар во Скопје, со употреба на физичка сила и алат, биле одземени пари од касата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле В.Д.(35) и С.Д.(33), двајцата од Штип, постапувајќи по претходна пријава од Ѓ.М.(29) од Штип, дека била физички нападната од В.Д., а потоа В.Д. и С.Д. физички се пресметале, при што употребиле разни предмети и оштетиле дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.А.(19) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 01.11.2025 на ул.,,Гоце Делчев‘‘ во Пробиштип, пријавениот физички нападнал малолетничка од Пробиштип. 

Повеќе