Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на повторно одлучување во Апелација
    • Трагедија на Филипините: Најмалку шест ученици убиени, а 17 повредени во пукотница во средно училиште
    • (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран
    • Вучиќ се сретна со Зеленски
    • Запреле „Мерцедес“ на автопат, а внатре пронашле 20 килограми дрога – Филмско апсење во Ниш
    • Апсење на скопскиот аеродром – скопјснец со муниција во рачниот багаж се обидел да излезе од државата
    • Нелегален ископ на песок во струмичко: Затекнати работници и возила без соодветна документација во река во Доброшинци
    • Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бесплатна едукативна тура низ Центар: Откријте ја постземјотресната архитектура на Скопје

    Бесплатна едукативна тура низ Центар: Откријте ја постземјотресната архитектура на Скопје

    24.04.2026 во 10:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги покани сите заинтересирани граѓани да се приклучат на бесплатната стручна едукативна тура, која ќе се одржи во сабота, на 25 април, со почеток во 12:00 часот, од локацијата „Плочник“ кај Градски ѕид.

    Темата на прошетката се постземјотресните обележја во Центар, а низ значајните локации водич ќе биде историчарката по уметност и кустос Бојана Јанева. Граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат за  Градскиот ѕид, Главната пошта, Градскиот трговски центар ,  Македонска академија на науките и уметностите и др.

    „Секој објект во Центар има своја приказна и своја историја. Ова е можност граѓаните да ја запознаат архитектурата и развојот на централното подрачје  со стручен водич, кој ќе ги открие деталите за кои често не знаеме, а се дел од нашиот секојдневен простор“, истакна Герасимовски.

    За учесниците е обезбеден пијалок и ужина, како и разгледници со репродукции од ремек-дела на БРУТ СКП, кои ќе бидат доделени како симболичен сувенир од оваа прошетка.

    Прошетката е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година, преку која се реализира едукативната програма „Центарски прошетки“, со цел да се придонесе кон поголема информираност, подобро запознавање со градското наследство и активно вклучување на граѓаните во културниот живот.

    Прочитај повеќе

    Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје

    18.09.2026 во 12:42

    Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци

    18.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.