Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    28.05.2026 во 13:19

    УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово

    28.05.2026 во 13:11

    Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење

    28.05.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”
    • УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово
    • Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење
    • Невреме го зафати и Куманово и Струмица
    • Манасиевски: Филипче е подготвен за уставни измени и редефинирање на историјата, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи погазување на достоинството
    • Предупредување за пчеларите: Од први јуни започнува авионската дезинсекција против комарци во Скопје
    • Невреме го зафати Штип: Силни грмежи, пороен дожд и ветер
    • (ФОТО) „Крај за бркањето глодари и неисправни бојлери“: Јаневска најави модерни услови во реновираните студентски домови од новата академска година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трајчулески: ВМРО-ДПМНЕ ретерира за законот за двојно државјанство, се плашат од внатрепартиско „пребројување“

    Трајчулески: ВМРО-ДПМНЕ ретерира за законот за двојно државјанство, се плашат од внатрепартиско „пребројување“

    24.04.2026 во 10:293 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кога некој ви дал одговорност да раководите со одреден  ресор, да носите јавна функција, тоа значи дека треба да бидете лојален на оваа држава, а еден од начините да покажете лојалност е да бидете државјанин само на оваа држава, нагласи пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, во дебата на „24 Анализа“ на ТВ 24. Тој истакна дека прашањето за двојните државјанства не смее да се користи за политички поени, туку мора да се решава суштински и одговорно.

    „ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон до Собрание за двојните државјанства, односно Закон за пратеници со кој се предвидува дека пратеник може да стане само човек кој има само македонско државјанство. Ние дадовме поддршка на тој закон и интервениравме со амандмани во смисла на тоа дека тој закон треба да важи и за актуелниот пратенички состав. Не може да поднесете закон во Собрание за пратеници кој ќе важи за пратениците, а да немате ист таков закон за двојни државјанства и за членовите на Влада. Владата е таа и членовите на Влада кои имаат најголема одговорност, најголеми овластувања и затоа треба да важи и за сите избрани и именувани функционери“, рече Трајчулески.

    Во дебатата, Трајчулески посочи дека очигледното ретерирање на предлагачите на законот во однос на уставноста, го отвора прашањето дали ВМРО стравува  од последиците за внатрепартиско „пребројување“ на функционерите кои имаат бугарски државјанства. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ првично самоуверено тврдеше дека законот е уставен, за потоа нагло да ја сменат позицијата и бараат дополнителни експертски мислења, што како што кажа, остава впечаток на несигурност и калкулации околу тоа колку нивни функционери би можеле да останат без функции. 

    „Не постои поголема пародија, да се излезе како политичка партија, да се поднесе предлог-закон до Собранието, да се убедува јавноста и да се тврди дека е уставен тој закон, за потоа да кажуваат дека треба да се консултираат уставни експерти. Значи, имаме ретерирање на политичката партија која е подносител на овој закон, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, и на премиерот кој повикува, чекај да видиме дали е уставно или не е уставно. Се остава впечаток дека направиле пребројување во партијата, па виделе колку министри, пратеници итн. може да останат без мандат или треба да дадат лажни изјави. Па сега се враќаме назад или се повлекуваме. Затоа што знаеме дека официјално имаме луѓе со мандати, знаеме дека и во Владата имаме министри со двојно државјанство, тоа е јасно“, рече Трајчулески.

    Притоа, тој потенцираше дека суштината на ваквите законски решенија треба да биде заштита на јавниот интерес и обезбедување целосна лојалност кон државата, темата за двојните државјанства не смее да се сведува само на едно конкретно прашање или држава.

    „Цело време се потенцира дека ние влегуваме во некакви политички игри. Бугарија, прокси на Бугарија. Јас не знам зошто од ВМРО-ДПМНЕ упорно се препознаваат и/или се поврзуваат со бугарски државјанства. Значи, овој закон се однесува на сите двојни државјанства и на тој што има белгиско, и на тој што има германско, и на тој што има хрватско итн. Не треба да обврзуваме за бугарските државјанства.Кога некој ви дал чест, кога ви дал одговорност да раководите со одреден ресор, да носите јавна функција, тоа значи дека вие треба да бидете лојален на оваа држава и на тој начин еден од начините да покажете лојалност е да бидете државјанин само на оваа држава“, рече Трајчулески.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Филипче е подготвен за уставни измени и редефинирање на историјата, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи погазување на достоинството

    28.05.2026 во 12:49

    Кузеска до Владата: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат за иднината

    28.05.2026 во 12:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.