- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 04
Правосудството, иако веќе има едни од највисоките плати во регионот и Европа, бара двојно зголемување на примањата со кое ќе го надмине целиот континент, истакна Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. Манасиевски посочи дека правосудните органи, судиите и обвинителите, работат со едвај 2% доверба од граѓаните, а притоа бараат „двојно зголемување“ на платите, наместо да работат во интерес на правдата. ВМРО-ДПМНЕ излезе со конкретни бројки за тековните примања: „Нашите соседи од Србија земаат 2,3 просечни плати, или во превод близу 120.000 денари, или околу 2.000 евра, но со 20% доверба од граѓаните. Исто така, со…
Времето утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во…
Вчера во 16:20 часот на патот Битола- Ресен, на место викано „Превалец“, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.Е.(40) од Ресен. При контрола со радар било констатирано дека М.Е. управувал патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 80 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
На денешниот настан организиран од страна на Унијата на млади сили и Меѓународната демократска унија, во изјава за медиуми потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека овој настан е еден од најголемите настани организирани од Унијата на млади сили предводена од Сергеј Попов, како резултат на посветеноста, развојот и работата на Унијата. „Би сакал да честитам, ова е најголемиот настан којшто Унијата на млади сили го има реализирано од своето основање, Меѓународната демократска унија е најголемото семејство на центар-десни, конзервативни и центар политички партии во светот, и со тоа нејзиниот подмладок е најголемиот политички подмладок којшто ги застапува овие идеи…
Министерството за здравство (МЗ) започна со темелна анализа на човечките ресурси во јавните и приватните здравствени установи низ државата. Ресорниот министер Азир Алиу денеска соопшти дека ова е почеток на воспоставување Регистар на работници во областа на здравството. Овој регистар ќе овозможи следење на движењето на кадарот во системот – од пензионирања, нови вработувања и специјализации, до префрлување од една во друга установа. „Тоа значи дека кога ќе се зборува за нови вработувања тоа ќе биде одговор на конкретни потреби да здравствениот систем… ќе знаеме точно колку лекари и сестри треба да има таму, кога ќе кажеме дека нема да…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествува на Самитот на лидери „Нашиот пат кон ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Република Албанија. Преку објава на Фејсбук, премиерот ја потврди стратешката определба на земјата. „Денеска присуствувам на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, којшто се одржува во Тирана, Албанија. Нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како клучни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан“, напиша Мицкоски. Претседателот на Владата нагласи дека овој значаен собир е одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување…
На денешниот настан организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и на младината на Меѓународната Демократска Унија, на тема „Форум за слобода“, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов во својата изјава за медиуми истакна дека како домаќини на најголемата Светска младинска организација ќе имаат можност за размена на искуства со над 45 млади лидери од над 25 земји, притоа наведувајќи дека ваквите настани се од огромно значење за младите политичари. „Денес на мое огромно задоволство можам да објавам дека сме домаќини почнувајќи од денес и во наредните два дена на најголемата Светска младинска организација, тоа е Интернационалната младинска…
Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8%, а буџетскиот дефицит на 3,5% од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МРТ. „Факт е дека Буџетот за 2026 година е развоен. Со колегите во Министерството за финансии успеавме да извадиме еден максимум во смисла на проектирање на поединечен буџет на секоја институција, а при тоа имајќи предвид дека мора да имаме развоен буџет, мора да имаме фискална консолидација, но истовремено да ги погледнеме и обврските…
Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека денеска и официјално започнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници во четири општини: Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Постапката за поддршка на независните кандидатури ќе трае до 30 ноември 2025 година, кога потписите ќе можат да се предаваат до 24:00 часот. Потписите ќе се собираат пред службените лица на надлежните подрачни одделенија и канцеларии на ДИК, како и пред надлежен нотар. Собирањето ќе се одвива секој работен ден во редовното работно време, односно од 8:30 до 16:30 часот. ДИК информира дека за собирање потписи за градоначалник на Гостивар,…
Изминатите четири дена лишени од слобода седум лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, 2415 сообраќајни прекршоци Во периодот од (17/20.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2415 издадени платни налози, 435 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле седум лица, од кои шест за возење под дејство на алкохол, а едно лице за возење со брзина…
