Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагичен крај на спасувачката акција: Загина 34-годишен работник, тројца тешко повредени

    Трагичен крај на спасувачката акција: Загина 34-годишен работник, тројца тешко повредени

    24.04.2026 во 10:381 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тешка несреќа се случи утринава на градилиште на улицата „Козјак“ во скопската населба Кисела Вода, при што еден градежен работник го загуби животот, а тројца други се здобиле со тешки повреди.

    Според информациите од Итната медицинска помош дадени за МИА, на местото на несреќата интервенирале четири амбулантни возила. Доктор Драган Панов, шеф на смена во Итната помош, потврди дека загинатиот работник е на 34-годишна возраст, додека повредените лица се на возраст од 35 до 45 години.

    Од Министерството за внатрешни работи претходно информираа дека несреќата била пријавена во 08:17 часот. При ископ на темели на градилиштето, дошло до свлекување на земјен насип, при што работниците останале затрупани.

    По пријавата, на терен веднаш беа упатени екипи на полицијата, пожарникари и претставници од Центарот за управување со кризи, кои заеднички ја спроведоа акцијата за извлекување на затрупаните лица. Повредените работници се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им се укажува лекарска помош.

    На местото на несреќата се врши увид, по кој ќе се утврдат точните причини и околностите под кои се случила оваа трагедија.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.