СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј. (78) и Г.Ј. (78), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела – „фалсификување исправа“ и „измама“.
Според информациите од полицијата, првопријавениот А.Ј. направил преправање на постоечки договор за купопродажба на стан, при што ги променил податоците за купувачот и додавал сопствен потпис.
Потоа, второпријавената Г.Ј. искористила копија од преправениот документ и ја заверила кај нотар.
Врз основа на така заверениот фалсификуван договор, станот бил запишан во катастарот на име на првопријавениот. СВР Тетово го документираше случајот и го предаде на понатамошна постапка до надлежното обвинителство.

