Close Menu
Press24
    Најново

    Минчев од Куманово: Знаењето мора да стане сила на администрацијата, а граѓаните да добијат подобри услуги

    06.11.2026 во 14:57

    Кривичен одлучи за вчерашната акција во Куманово: Двајца во притвор, еден во куќен притвор, а еден е во бегство

    06.11.2026 во 14:11

    Мицкоски најавува средби со потенцијални купувачи на Алта Банка

    06.11.2026 во 14:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Минчев од Куманово: Знаењето мора да стане сила на администрацијата, а граѓаните да добијат подобри услуги
    • Кривичен одлучи за вчерашната акција во Куманово: Двајца во притвор, еден во куќен притвор, а еден е во бегство
    • Мицкоски најавува средби со потенцијални купувачи на Алта Банка
    • Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните измени сега немаше да бидат услов
    • Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ
    • Тошковски од Будва: Македонија не чека да стане членка на ЕУ за да се однесува одговорно кон европската безбедност
    • Бизнисменот Азманов натепан во судница во Скопје
    • Камион удри во пешак во Чаир: Повредениот е хоспитализиран со тешки повреди
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев од Куманово: Знаењето мора да стане сила на администрацијата, а граѓаните да добијат подобри услуги

    Минчев од Куманово: Знаењето мора да стане сила на администрацијата, а граѓаните да добијат подобри услуги

    06.11.2026 во 14:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Граѓаните не ги оценуваат институциите според нашите планови и ветувања. Ги оценуваат според услугата што ја добиваат, одговорот што го чекаат и довербата што ја имаат во системот. Нашата цел е знаењето да стане сила на администрацијата, професионалноста нејзин стандард, а довербата на граѓаните нејзин најголем резултат“, порача министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање на третиот циклус генерички обуки за административните службеници за 2026 година, што се одржа во Куманово за службениците од Североисточниот регион.

    Минчев посочи дека реформата на јавната администрација веќе добива конкретна институционална и законска основа, а напредокот е препознаен и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Во него се нотирани преземените чекори за зајакнување на капацитетите на Министерството за јавна администрација, унапредување на системот за управување со човечките ресурси, како и воспоставување поцврста рамка за професионално и одговорно функционирање на администрацијата.

    „Оценките на Европската комисија се важен показател дека сме на реформски пат кој мора да го продолжиме со уште посилна динамика. Но, за нас најважно е реформите да не останат само законски решенија и институционални промени. Тие мора да се почувствуваат во секојдневната работа на институциите и во услугите што ги добиваат граѓаните“ истакна Минчев.

    Осврнувајќи се на следната фаза од професионализацијата на администрацијата, Минчев го истакна и воспоставувањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, како еден од клучните столбови на реформата.

    „Не ја градиме Академијата за да добиеме уште една институција во системот. Ја градиме за да воспоставиме механизам што ќе обезбеди континуирано учење, квалитетни програми, унифицирани стандарди и реални можности за професионален развој. Сакаме знаењето да не завршува со обуката, туку да се применува во работата и да носи подобри резултати“ истакна Минчев.

    Како дел од реформскиот процес, министерот ги посочи и новите законски решенија за високите раководители, административните службеници и вработените во јавниот сектор, со кои се поставуваат појасни професионални критериуми, вреднување според резултатите и поголема одговорност во работењето.

    Министерството за јавна администрација продолжува да гради систем во кој знаењето се вреднува, професионалноста се поттикнува, а одговорноста е стандард за сите. Крајната цел е создавање силна, компетентна и ефикасна администрација, која ќе одговори на потребите на граѓаните и ќе ја оправда нивната доверба преку квалитетна услуга и конкретни резултати.

    Прочитај повеќе

    Полскиот нуркач Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје

    05.11.2026 во 14:33

    Пукање на универзитет, шест деца меѓу повредените во Талахаси

    26.10.2026 во 09:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.