Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски најавува средби со потенцијални купувачи на Алта Банка

    06.11.2026 во 14:03

    Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните измени сега немаше да бидат услов

    06.11.2026 во 13:41

    Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ

    06.11.2026 во 13:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски најавува средби со потенцијални купувачи на Алта Банка
    • Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните измени сега немаше да бидат услов
    • Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ
    • Тошковски од Будва: Македонија не чека да стане членка на ЕУ за да се однесува одговорно кон европската безбедност
    • Бизнисменот Азманов натепан во судница во Скопје
    • Камион удри во пешак во Чаир: Повредениот е хоспитализиран со тешки повреди
    • Хасан: Герасимовски ја злоупотребува наградата „Феникс“ за личен ПР и промоција
    • Петрушевски: СДС шират лажни вести и паника за партиски поени, ЈО веднаш да отвори случај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски најавува средби со потенцијални купувачи на Алта Банка

    Мицкоски најавува средби со потенцијални купувачи на Алта Банка

    06.11.2026 во 14:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во следните неколку дена, заедно со гувернерот на Народната банка и министерката за финансии, ќе има средби со повеќе финансиски институции кои би можеле да ја преземат Алта банка Битола. Според него, целта е да се најде нов сопственик и да се избегне стечај на банката, за која тврди дека е во одлична финансиска состојба.

    „Се обидуваме од петни жили да најдеме решение, односно купувач кој ќе ја купи банката. Следните неколку дена, заедно со гувернерот и министерката за финансии, ќе имаме средби со повеќе финансиски институции кои би можеле да бидат потенцијални купувачи“, изјави Мицкоски.

    Премиерот повтори дека сите штедачи и доверители ќе бидат целосно обесштетени дури и во случај на стечај, посочувајќи дека најголемиот дел од депозитите се осигурени, а вредноста на активата на банката е значително поголема од побарувањата.

    Тој ја обвини СДСМ дека се радува на најлошото сценарио и дека преку кризата, која според него е увезена од Србија, се обидува да добие политички поени. Мицкоски ги повика граѓаните да не подлегнуваат на шпекулации и уверува дека Владата и Народната банка располагаат со инструменти со кои ја контролираат состојбата.

    „Целта е да се спаси банката, бидејќи навистина станува збор за здрава финансиска институција“, порача премиерот.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните измени сега немаше да бидат услов

    06.11.2026 во 13:41

    Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ

    06.11.2026 во 13:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.