Author: Author 04

Вчера околу 00:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Пролет“ во Скопје, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.Х.(23) од Турција, изгубило контрола и удрило во рекламен билборд. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.А.Е.(18) од Турција, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.Л.(62) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, на работно место референт за превоз во Јавно претпријатие „Национални шуми“ – подружница Свети Николе, постапувајќи по барања за обезбедување со шумски сортименти поднесено од две лица од Свети Николе, дозволил бесправно да исечат и да натоварат поголема количина дабово дрво од одобрените, со што им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист.

Повеќе

На 19.11.2025 околу 12:01 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„11 Октомври“ и бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, медицинско возило „рено трафик“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа, управувано од Ж.А.(55) од Скопје нагло запрело при обид да избегне судир со друго возило, кое го напуштило местото. -Притоа, со тешки телесни повреди се здобила А.М.(26) од Скопје, лекар од установата, додека со телесни повреди се здобила А.Р.(41) од Скопје, исто така, вработена во установата, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Во медицинското возило се превезувал и Ј.Т.(89) од Скопје, кој бил со здравствени проблеми…

Повеќе

Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје, 18-годишна девојка од Србија, со привремен престој во Скопје пријави дека околу 15:15 часот, додека се возела во такси возило на подрачјето на Гази Баба, такси возачот ја допирал по телото и ја бакнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(57) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавената приложила фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик на јавен оглас за избор на директор на основно училиште во Пехчево, со цел да биде избрана за директор.

Повеќе

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (20 ноември) се обрати на промоцијата на регионалната платформа за соработка помеѓу националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина за земјите од регионот каде што истакна дека „хуманоста и човечноста се нашите водилки за побезбедно општество, за побезбедни граѓани“. „Само со меѓусебна соработка и меѓусебна поддршка можеме да придонесеме за сигурен, стабилен и безбеден регион, но и во остварувањето на заедничките цели, раст и развој на државите“, истакна министерот. Мисајловски додаде дека се почестите кризни состојби и природни катастрофи ги надминуваат националните граници и имаат регионални последици и затоа од исклучително значење е…

Повеќе

Вчера во 17:45 часот во с.Граешница, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода В.Ј.(56) с.Граешница. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка и патрони за пушката. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Уставниот суд отвори постапка за член 2 од последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои се воведе линеарно зголемување на пензиите. Судот оценува дека одредбата може да ги наруши уставните принципи на социјална праведност, еднаквост и правна сигурност, како и да создаде нееднаквост меѓу пензионерите со различни износи на пензии. Станува збор за одредба со која се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување), односно со оспорениот член 2 правото на редовно месечно усогласување на пензиите пресметките направени врз основ на порастот на плати и трошоци на живот се заменети со линеарна распределба на вкупниот…

Повеќе

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“ денека оствари работна посета на Општина Виница, каде со градоначалникот Митко Костадиновски и претставниците на Советот на општината разговараше за приоритетите, она што е потребно на општината и можностите за поддршка во наредниот период. Како што информират од минитертвото во фокусот на разговорите била и работата на новоформираниот Ресурсен центар за поддршка на општините, како и Прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, кој вчера електронски беше доставен до сите градоначалници како алатка за поефикасно управување во првите месеци од мандатите. -Во рамки на посетата беше направен…

Повеќе

Детално периодот го проучувам овој случај, вклучително и делот со буџетот кој што се одвојува за обвинителството и судството, дури и Венецијанска комисија има забелешки за тој член каде што се определува буџетот за судскиот буџет, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Мицкоски посочи дека не гледа причина да се зголеми буџетот за судството, затоа што, како што рече, Македонија како држава, одвојува од буџетот пари за правосудниот систем, повеќе од 75 проценти од земји членки на ЕУ. Јас пред неколку дена во едно интервју дадов една анализа во делот на финансирањето на правосудните системи во…

Повеќе