Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ за маржите: Мерката е „предоцна и премала“, потребни се посериозни чекори

    СДСМ за маржите: Мерката е „предоцна и премала“, потребни се посериозни чекори

    22.04.2026 во 09:413 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата на Мицкоски вчера објави дека маржата на ѓубривата ќе биде ограничена до 31 мај.  Оваа мерка е предоцна и премала. Нема да даде резултат. Најголемиот дел од земјоделците веќе влегоа длабоко во сезонските трошоци и купија ѓубрива по повисоки цени. Ограничувањето на маржата ќе има минимален ефект за нив, се вели во соопштението од СДСМ. 

    „Додека светот најавува нова криза и глад, Мицкоски продолжува да раскажува бајки за „трета економија во Европа”

    Војната на Блискиот исток и нарушениот проток низ Хормускиот теснец ја открија длабоката ранливост на глобалниот прехранбен систем. 

    Цените на ѓубривата веќе скокнаа за 26,2 %, цените на енергијата за 41,6 %, а Светската банка и ФАО предупредуваат дека ако кризата продолжи, во првата половина на 2026 година цените на ѓубривата можат да пораснат за дополнителни 15–20 %. 

    Ова директно води кон пад на приносите и кон реален ризик од нова прехранбена криза и глад, особено во земјите од Глобалниот југ.

    Во Македонија, нашите земјоделци се директно на удар. Македонските земјоделци се зависни од увозни ѓубрива чии цени директно зависат од глобалните трендови. 

    Повисоките трошоци за ѓубрива значат и помала употреба, а тоа ќе влијае и на помали приноси (пченица, пченка, зеленчук) и уште поголема потреба за увоз на храна. 

    Храната, лебот овошјето, зеленчукот, поскапуваат поради енергија и ѓубрива.

    Владата на Мицкоски вчера објави дека маржата на ѓубривата ќе биде ограничена до 31 мај. 

    Оваа мерка е предоцна и премала. Нема да даде резултат. 

    Најголемиот дел од земјоделците веќе влегоа длабоко во сезонските трошоци и купија ѓубрива по повисоки цени. Ограничувањето на маржата ќе има минимален ефект за нив.

    СДСМ уште на самиот почеток на кризата, која трае веќе седум недели, јасно предложи конкретни мерки за заштита на граѓаните и земјоделците.

    Намалување на ДДВ за храна на 0%, намалување на ДДВ за горивата на 5%, намалување на акцизата за горивата и бензините за 4 денари и преполовување на цената на патарините. Баравме и директна финансиска помош за ранливите категории.

    Владата ги отфрли сите наши предлози. 

    Сега, со големо задоцнување, воведува делумни мерки за контрола на маржата на ѓубривата. 

    Но, сега е предоцна. Цените веќе скокнаа и граѓаните и земјоделците ќе го платат скапо чекањето и неспособноста на Мицкоски.

    Ние продолжуваме да бараме:

    – Намалување на ДДВ за храна на 0%, што ќе донесе намалување на цените на основните прехранбени производи;
    – Намалување на ДДВ за горива на 5% и на акцизите;
    – Мерки за директна помош на ранливите семејства, пензионерите и земјоделците,
    – Мерки за зачувување на работните места и поддршка на домашното производство.

    Ние не ветуваме бајки. Ние нудиме решенија. 

    Зашто за нас економијата и земјоделството не се статистика – тие се секојдневниот леб на секој граѓанин и секој земјоделец во Македонија“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.