- Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
- Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
- Германка третпат роди близнаци
- Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Оваа најчесто ја прават сите возачи
- Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
- Независните гласачи сè понезадоволни од Доналд Трамп: нови податоци за пад на поддршката
- Авионот на Папата приземјен поради технички проблем
- Три тивки знаци на кожата што може да укажуваат на ризик од дијабетес
Author: Author 04
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со израелската амбасадорка во земјава, Н.Е. Вивиан Аисен, како и со почесниот конзул на Израел во Македонија, Градимир Шумковски. Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека средбата била „исклучително конструктивна и пријателска“. Тој истакна дека пред амбасадорката ја претставил својата визија за развојот на главниот град: „Во рамки на разговорот ја претставив визијата за развој на Скопје, заснована на одржливи политики, јасна стратешка рамка и силна посветеност кон модернизација на јавните услуги и унапредување на урбаното уредување“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук. Како што информира градоначалникот, на средбата особено ја нагласил важноста од…
Стабилно и сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува во земјава до крајот на работната седмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на ноќните и утринските часови се очекува појава на магла во одредени котлини. Според прогнозата на УХМР, температурите утре ќе бидат: За Скопје, прогнозата предвидува минимална температура до -5 степени и максимална дневна температура до 7 степени Целзиусови.
Видеата од плажата Бонди покажуваат како друг маж трча кон пукањето додека полицијата се обидува да ја контролира ситуацијата. Мажот сега е идентификуван како бегалец од Блискиот Исток и татко на две деца Ахмед Ал Ахмед, човекот кој го грабнал пиштолот од вооружениот човек за време на австралискиот напад, не бил единствениот цивил кој херојски реагирал во вчерашниот терористички напад во Сиднеј во кој загинаа најмалку 16 лица, а најмалку 42 се повредени. Снимките од плажата Бонди покажуваат како друг маж трча кон пукањето додека полицијата се обидува да ја контролира ситуацијата. Мажот сега е идентификуван како бегалец од Блискиот…
Емотивните последни зборови (пред пукањето) на храбриот продавач Ахмед ал Ахмед, кој го разоружа еден од напаѓачите на плажата Бондисада, се објавени, заедно со фотографии од херојот кој се опоравува во болница. „Ќе умрам, кажете му на моето семејство дека сакам да спасам луѓе“ Ахмед ал Ахмед, 43, му рекол на својот братучед Јозај Алканџ дека „ќе умри“ пред храбро да му грабне пиштол на еден од напаѓачите во пукањето во кое загинаа 15 лица. Пукање на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија. Има мртви и ранети. Пукањето се случило за време на еврејскиот празник Ханука. Тој моментално е на операција…
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денес потпиша Решение за реализација на проектот „Социјална сигурност за стари лица”, со кој Општина Штип обезбедува финансиска помош во износ од 6.000 денари за 100 пензионери со најниски примања од нашата општина. Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2025 година, а се однесува на пензионерите кои се регистрирани во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи како пензионери со најниски примања. Главната цел на оваа иницијатива е подобрување на финансиската состојба на пензионерите во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, со што Општина Штип ја потврдува својата посветеност…
Густа магла се спушти во Србија во последните денови, а возачите се мачат да го видат патот напред. За жал, се регистрирани неколку сериозни сообраќајни несреќи, а верижна несреќа во близина на Бор предизвика хаос и повреди 5 лица. Возачите, во густа магла, треба да се обидат да го видат патот напред, но мора да се погрижат да бидат видливи и за другите возачи. Токму затоа се користат светла за магла – специјални светла за овие временски услови. Во Србија, задолжително е (и дозволено) да се користат светла за магла само во посебни услови на намалена видливост, според Законот за…
Со свечено палење на празничните светилки вечерва, во 18 часот, во центарот на Скопје, официјално започнува новогодишната и божиќната прослава во главниот град. Град Скопје најави дека празничната магија се враќа на плоштадот „Македонија“ со богата програма, украсен амбиент и изненадувања наменети за сите генерации. Рано утринава на плоштадот може да се забележи дека подготовките за вечерниот настан веќе се започнати. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски упати јавна покана до сите скопјани да присуствуваат на заедничкото палење на светилките, закажано за денеска. Во својата порака, градоначалникот истакна дека празничниот период е време кога градот треба да зрачи со радост и заедништво: „Нашиот…
Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот. Цела недела одбегнуваа да одговорат на нашите повици, одбегнуваа да ја потпишат Резолуцијата во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти. Наместо да застанат заедно со нас поднесоа контра Резолуција, рече на денешната прес-конференција портпаролката Богданка Кузеска од редовите на СДСМ. Контра протести, контра Резолуција, лажни вести, закани со кривични пријави, исто како во време на Никола Груевски, истакна Кузеска.„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ–ЗНАМ го потврди она што СДСМ со денови го говори: постои договор „мигранти за…
Најмалку дванаесет лица загинаа, а околу 20 се повредени, откако автобус кој превезувал ученици на матурска екскурзија се урна во клисура длабока 80 метри во Колумбија. Инцидентот се случил во рурална област во близина на Сеговија, во регионот Антиокија. Локалните власти, преку гувернерот на регионот, потврдија дека „повеќе од дванаесет лица“ ги загубиле животите. Медиумските извештаи, пак, објавија бројка од најмалку 16 загинати. Во автобусот имало околу четириесет патници, главно ученици од 11-то, последно одделение, кои се враќале од одмор на карипскиот брег во правец на Бело, во близина на Меделин. Повредените, меѓу кои повеќето се млади лица на возраст…
Доколку Европската Унија не отстапи од планот за воведување на јаглеродната такса за земјите членки на Енергетската заедница (ЕЗ), регионот наместо да се интегрира со ЕУ, ќе биде принуден на тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои не се дел од Унијата. На ова предупреди Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), на трибината „Центар за енергетска политика на Западен Балкан“ што се одржа во Приштина. Бислимоски образложи дека крајната цена на електричната енергија што ќе се нуди на отворениот пазар нема да биде конкурентна, бидејќи „цената ќе се зголеми поради јаглеродната такса“. Според него, иако земјите…
