Close Menu
Press24
    Најново

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

    (ФОТО) Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

    08.05.2026 во 17:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и од „Блаже Конески“ од Прилеп, денеска се одржа церемонија на менување на државното знаме.

    Учениците љубопитно и со почит ја проследија свеченоста што традиционално ја реализира Баталјонот за почести при Армијата, а потоа ги разгледаа просториите на Кабинетот, се запознаа и разговараа со претседателката за нивните желби, амбиции и училишни активности, како и за потребата од поголема грижа за личното здравје и животната средина, за другарувањето и негувањето на бон-тонот во секојдневната комуникација.

    Низ разговорот и детските прашања се чувствуваше остроумноста на генерацијата којашто умее внимателно да набљудува и критички да размислува. Младите гости со зрелост, што на моменти ја надминуваше нивната возраст, изразија интерес за: предизвиците на претседателската функција, за омилените книги и хобија на претседателката, за традициите и културата, за убавините на македонските градови и села.

    Сиљановска-Давкова ги охрабри да учат, да го негуваат истражувачкиот дух и да веруваат во своите способности, бидејќи секое успешно општество почива врз образовани, доблесни и емпатични млади луѓе, подготвени одговорно да придонесуваат за заедницата

    На крајот од посетата, учениците ѝ подарија на претседателката прекрасни ракотворби, како потсетник на денешната средба, исполнета со ведрина, насмевки и ветување за ново дружење.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.