Author: Author 04

На 14.12.2025 во 14:13 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Н.(57) од Штип. Претходно, во 14:00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, тој со неговото возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „нисан“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(44) од Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(64) од Штип и патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 53-годишната В.Ч. од Штип. При преземање мерки во врска со незгодата и по извршено алкотестирање со дрегер констатирано е дека го управувал возилото под дејство…

Повеќе

Граничниот премин Евзони кон Северна Македонија денеска повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци. Блокади за сообраќајот на сите возила се планирани во периодот од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот. Паралелно, блокада ќе има и на граничниот премин Ники, но таму сообраќајот ќе биде во прекин само за товарни возила во периодот од 19 до 23 часот, соопшти грчката новинска агенција АНА-МПА. Земјоделците во Грција продолжуваат со протестите и блокадите низ целата земја, откако ја одбија поканата за средба со грчкиот премиер закажана за попладнево. Наместо средба, своите барања писмено ги испратија…

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието на Република Македонија, „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. Со оваа Резолуција се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите и организираната и координирана кампања од страна на опозицијата, која влева  несигурност и паника меѓу граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Лажните сценарија на СДС паѓаат во вода, државата има јасна политика против нелегалната миграција, нема мигрантски кампови има Резолуција која носи стабилност и сигурност. ВМРО-ДПМНЕ јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната Влада на Зоран Заев, со која беа отворени можности за создавање на…

Повеќе

Санкционирани биле 104 непрописно паркирани возила во општина Центар за една недела. – Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје во периодот од 8 до 14 декември, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија утрово од претпријатието. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, потенцираа дека неопходна е поголема сообраќајна култура. Затоа, нагласија дека претпријатието и Секторот за внатрешни работи – Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани…

Повеќе

ОвенМарс, вашиот владетел, влегува во секторот на кариерата и целите, и од овој момент вашата енергија станува насочена и остро фокусирана. Денес чувствувате дека конечно имате јасен правец и сила да преземете чекори што бараат зрелост и дисциплина. Ова е одличен ден за поставување нови стратешки планови. Не брзатe, освојувате со структура. БикМарс во Јарец ви носи силен поттик за учење, развој и ширење на хоризонтите. Денот ви дава јасна слика за тоа што сакате да постигнете во 2026 и што треба да направите за да стигнете таму. Ова е момент кога долгорочните планови ве мотивираат многу повеќе од краткорочните…

Повеќе

Православните верници на 19 декември го слават Свети Никола, празник кој претставува најчеста семејна слава меѓу македонските семејства. Според традицијата, на овој ден постои јасно верување за тоа што е забрането да се работи: не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере. Свети Никола е познат како заштитник на сиромашните, болните и морнарите. Низ целиот свој живот, тој ги подучувал луѓето, лекувал и им помагал на сиромасите. Многумина не знаат дека токму Свети Никола станал заштитник на морнарите поради тоа што „својот имот го користел за откуп на заробениците“. Обичаи поврзани со долгови и дарување…

Повеќе

Утрово најниски температури од -6 степени се измерени во Скопје-Петровец и Берово, информираат од УХМР. Измерените минимални температури во другите градови се: Во текот на утринските и претпладневните часови се очекува појава на магла на повеќе места. Денот ќе биде сончев со мала локална облачност и слаб северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени. Во Скопје, претпладнето во делови од котлината ќе има појава на магла, додека во текот на денот ќе преовладува сончево и претежно тивко време. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 7 степени.

Повеќе

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека утре ќе биде објавено новото партиско раководство. Ова доаѓа откако, на негово барање, целото досегашно раководство поднесе оставка на почетокот на декември. Филипче вчера, во изјава за централниот дневник на „Сител“, потврди дека списокот со имиња е веќе подготвен и дека тоа ќе претставува спој на искуство и нова енергија. „Тука ќе се избере новото партиско раководство – новите потпретседатели и новите членови на Извршниот одбор. Практично една нова сила во партијата, една комбинација на искусни и млади кадри“, изјави Филипче. Тој додаде дека целта е отворање на широк фронт со граѓаните, политичките…

Повеќе

Денеска, на Меѓународниот аеродром Скопје официјално ќе биде промовиран првиот лет на авиокомпанијата „Виз ер“ кон Прага. Со ова, чешката престолнина станува најновата дестинација во листата на летови од скопскиот аеродром. Новата авиолинија беше најавена уште во јули од страна на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој тогаш објави дека е потпишан договор за вкупно пет нови дестинации од Скопје: На настанот денеска се очекува да присуствуваат: генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт; амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва; раководителот за комуникации во „Виз ер“, Андраш Радо; и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Моменталната малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 66,50 ден/лит, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,883 ден/кг.

Повеќе