- Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
- Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
- Германка третпат роди близнаци
- Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Оваа најчесто ја прават сите возачи
- Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
- Независните гласачи сè понезадоволни од Доналд Трамп: нови податоци за пад на поддршката
- Авионот на Папата приземјен поради технички проблем
- Три тивки знаци на кожата што може да укажуваат на ризик од дијабетес
Author: Author 04
Вчера околу 12:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Прилепска“ во Кичево, патничко возило „тојота“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(68) од Кичево, удрил во четиригодишно дете од с.Арангел, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило четиригодишното девојче, констатирани во Медицински центар Кичево. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 12.12.2025 околу 16:40 во во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, во игротеката, М.К. агресивно се однесувал кон малолетник, по што настанала физичка пресметка помеѓу М.К. и таткото на малолетникот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 04:20 часот во СВР Скопје, А.Б.(19) од Скопје пријави дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, додека управувал патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, патот му го попречиле две возила, од кои излегле неколку лица кои му се заканиле со пиштол, шри што еден од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло. Според пријавеното, при обид да побегне удрил во паркирано товарно возило и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 21:30 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје е пријавено дека кај нив е донесена почината О.В.(80) од Скопје, која имала здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.
Вчера во 21:29 часот во СВР Скопје е пријавено дека во круг на фабрика на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на два магацини, сопственост на М.Р.(46), кои ги изнајмил на други лица. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Денеска (14.12.2025), за време на вршење на увидот, во еден од објектите, кој под наем го користи М.А. од Скопје, пронајдено е опожарено тело на машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.М.(65) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство врз дете’’. На 27.11.2025 во с.Банско, пријавениот пукал од воздушна пушка и погодил еден малолетник.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(84) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. На 04.12.2025 во угостителски објект на ул.„Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, во делот кој се користи за живеење, пријавениот со остар предмет ја нападнал Г.П.(61) од Куманово.
Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Н.Р.(42), Ш.А.(31), В.С.(33), В.С.(32), З.Л.(40), Г.Г.(37), Б.Б.(35), А.Р.(29), С.Р.(28), А.К.(45), Б.М.(38), 17-годишник, сите од Скопје, С.Р.(32) с.Кондово, скопско и М.В.(32) од Србија затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, таблети. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е подготвена да се откаже од долгогодишната стратешка цел – членство во НАТО, во замена за силни западни безбедносни гаранции. Ова претставува компромис со цел да се стави крај на војната со Русија. Изјавата доаѓа пред разговорите со американски претставници во Берлин. Зеленски оцени дека безбедносните гаранции од САД, европските земји и други партнери би можеле да спречат нова руска инвазија. Членството во НАТО долго време беше уставна определба на Украина. Иако официјалниот состав на разговорите во Берлин не е објавен, американски функционер потврди дека на средбите со украински и европски претставници…
Еден од напаѓачите во терористичкиот напад што се случи за време на прославата на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј е идентификуван како 24-годишниот Авганистанец Навид Акрам! Акрам, како што е објавено, живее во југозападниот дел на градот, а неговата куќа во предградието Бонириг била претресена од полицијата во текот на ноќта. Најмалку 12 лица беа убиени, а околу 30, вклучувајќи едно дете и двајца полицајци, беа повредени во масовното пукање што се случи првата ноќ од Ханука, осмиот ден од еврејскиот фестивал што ја слави моќта на верата. Еден од напаѓачите беше убиен на местото на настанот, додека другиот…
